Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

СОС ДЕТСКО СЕЛО ВО СКОПСКА ГАЗИ БАБА ОТВОРИ ДВА ЦЕНТРА ЗА ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА И ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА НА ДЕЦА СО ТРАУМИ

by Уредник
31.05.2025
in Uncategorized
СОС ДЕТСКО СЕЛО ВО СКОПСКА ГАЗИ БАБА ОТВОРИ ДВА ЦЕНТРА ЗА ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА И ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА НА ДЕЦА СО ТРАУМИ

Во советувалиштето на СОС Детско село во скопската Општина Гази Баба денес беа отворени новиот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, како и специјализирано Одделение за психолошко советување и рехабилитација на деца со комплексни трауми, пишува СДК.

Новите простории се дел од регионалниот проект „Надминување на системски празнини – Поддршка на реформите во системот за заштита на децата“, финансиран од Германското министерство за економска соработка и развој, во партнерство со организацијата ХГФД – Германија.

„Веќе 24 години сме посветени на поддршка на најранливите – децата без родителска грижа, и веруваме дека згрижувањето е одговорност на целото општество. Денешното присуство на институции, партнери и граѓани е јасна порака дека само заедно можеме да создадеме силен, достапен и ефикасен систем на поддршка. Нашето присуство во општините Аеродром, Бутел, Арачиново, Чучер Сандево, Илинден, Петровец и Гази Баба, како и подготвеноста на многу градоначалници за соработка, ни даваат надеж дека нашите услуги ќе стигнат до секое дете и секое семејство што има потреба“ изјави Александар Трајковски, претседател на Управниот дбор на СОС Детско село.

Националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Гапо, рече дека секое дете носи своја приказна, а некои од тие приказни се обележани со загуба, траума или несигурност.

„Затоа, наша обврска е да создадеме околина која не само што обезбедува безбедност, туку и разбирање, прифаќање и исцелување. Овој нов почеток е резултат на визија, но и на соработка со институциите, со здруженијата, со поддржувачите, и пред сè со Вас, згрижувачите. Нека денешниот ден биде потсетник дека заедно можеме да направиме вистинска промена – не само на политиките, туку и во животите на децата“, кажа Гапо.

Извор: СДК.мк

Next Post
Москва испрати отворена закана до Зеленски и Украина

Москва испрати отворена закана до Зеленски и Украина

Ограбени над 100 камиони со хуманитарна помош во Газа – населението умира од глад

Ограбени над 100 камиони со хуманитарна помош во Газа – населението умира од глад

Препорачани Вести

Кремљ: Ја примивме пораката на Трамп

6 months ago
Докторите на Бајден размислувале за инвалидска количка, Белата куќа криела

Докторите на Бајден размислувале за инвалидска количка, Белата куќа криела

8 months ago

Популарни Вести

  • Вонреден состанок во Брисел: Европа се мобилизира по заканите на Трамп за нови царини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој заработи, а кој изгуби на Берзата? Топ 5 акции што ја одбележаа 2025 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТРАГЕДИЈА ВО АВСТРИЈА: Најмалку 8 загинаа во лавини на Алпите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Гренланд не е толку голем како што изгледа: Вирално видео открива голема картографска заблуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.