Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

100 деца заглавени во Албанија поради расипан автобус на враќање од карате првенство

by Уредник
01.06.2025
in Uncategorized

Околу сто млади каратисти од Македонија веќе со часови се заглавени во Албанија, откако автобусот со кој се враќале од Балканското карате првенство во Црна Гора по вторпат се расипал на пат. Децата, на возраст од основно и средно училиште, биле дел од официјалната делегација организирана од Карате федерацијата на Република Северна Македонија, која на 30 мај ги однела на натпреварот.

Родителите, кои за ова патување платиле речиси 14.000 денари по дете, се револтирани и загрижени, бидејќи децата прво доживеале дефект на автобусот уште при поаѓањето — кога се извадило тркалото од возилото. По неколку часа чекање, стигнал заменски автобус кој ги однел до дестинацијата. Меѓутоа, проблемите не завршиле тука.

Престојот во хотелот, како што велат родителите, бил далеку под секое прифатливо ниво. „Условите биле срамни – нехигиенски простории, недоволно храна и безбедносни ризици,“ велат тие.

Најдраматичниот момент се случил на враќање, кога автобусот повторно се расипал, овој пат во Албанија, оставајќи ги децата на пат без информација кога ќе можат да тргнат дома. Дополнителна грижа претставува тоа што многу од нив останале без батерии на телефоните, со ограничен или никаков контакт со родителите.

Родителите гневно реагираат и прашуваат: „Како е можно државата да дозволи деца да патуваат со небезбедни автобуси? Кој е одговорен за нивната безбедност?“ Тие бараат одговорност од организаторите и надлежните институции, како и итна реакција за безбедно враќање на децата.

Фото: Илустрација

Извор: 24инфо

Next Post
Катастрофални поплави во Индија: Монсунските дождови однесоа најмалку 30 животи

Катастрофални поплави во Индија: Монсунските дождови однесоа најмалку 30 животи

Дневен хороскоп за понеделник – 2 јуни: Еден хороскопски знак денес треба да внимава на колегите

Дневен хороскоп за понеделник - 2 јуни: Еден хороскопски знак денес треба да внимава на колегите

Препорачани Вести

ТИНЕЈЏЕРИ ГО ЗАПАЛИЛЕ ОБЛАКОДЕРОТ „ВЈЕСНИК“ ВО ЗАГРЕБ – ПОЛИЦИЈАТА ГИ БАРА ВИНОВНИЦИТЕ

Младите кои предизвикаа пожар во „Вјесник“ тврдат дека го сториле поради ТикТок предизвик

2 months ago

Орбан: Европа реши да се продолжи војната

11 months ago

Популарни Вести

  • Запалени шишиња фрлени кон куќа во Скопје, спречена поголема трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Жителите на Киев објавуваат фотографии од замрзнати станови и импровизирани начини за греење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД со јасна порака до Иран пред заедничката воена вежба со Русија и Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.