Connect with us

Македонија

Марш за еднаквост: Поддршка и подигнување на свеста за лицата со попреченост

Недостигот од пристапност и основна инфраструктура ги остава лицата со телесен инвалидитет заробени во сопствените домови. Пречки на секој чекор, непристапни тротоари и институции – ова е секојдневната реалност за Игор Николовски, кој живее со квадриплегија. Вели дека движењето низ град е речиси невозможна мисија, а влегувањето во јавни објекти претставува уште поголем предизвик, објави 24.мк

Николовски денес беше дел од маршот на лицата со посебни потреби, кој започна од Порта Македонија. Но, дури и таму – симболично место за старт на борбата за права – се соочи со една од честите пречки: архитектонска бариера. Како што потенцираат учесниците, отсуството на основна инфраструктура не само што ги ограничува, туку и директно ги лишува од можноста да ги остварат своите основни човекови права.

Гоце Миноски, претседател на здружението „Мобилност“, вели дека при изградба на објекти многу ретко се применуваат мерки за пристапност. Радикални чекори, додава тој, не можат да преземат, но надеж гледаат во подигање на јавната свест за еднаквост и рамноправност.

Дополнителен проблем за оваа заедница е и недостигот од лични асистенти – клучни лица кои помагаат при секојдневните активности, особено ако се земат предвид бројните пречки со кои се соочуваат.

Маршот доби поддршка и од институциите. Заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, присуствуваше на настанот и лично му помогна на лице во инвалидска количка. Тој вели дека секој граѓанин треба да даде придонес за подобрување на животот на лицата со попреченост и најави нови законски решенија кои ќе ја регулираат пристапноста.

Македонија во 2011 година ја ратификуваше Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост. Но и покрај тоа, многу од тие права сè уште постојат само на хартија. Настаните како денешниот марш се ретки моменти кога овие граѓани можат слободно да се движат – без бариери и ограничувања.

Извор: 24.мк

Advertisement

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг