Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски: Бугарски европратеник со амандман го негира македонскиот идентитет – политика на живковизам

by Уредник
01.06.2025
in Uncategorized

Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше на најавата дека бугарски европратеник од владејачката партија ГЕРБ ќе поднесе амандман во Европскиот парламент со кој македонскиот идентитет би се дефинирал како „сегашен“, за разлика од формулацијата во извештајот на европратеникот Томас Вајц, кој го признава како „многувековен“.

„Жалам што од нашиот источен сосед повторно гледаме реторика која го враќа духот на живковизмот. Наместо добрососедство, гледаме обиди за негирање и асимилација,“ изјави Мицкоски.

Тој посочи дека Македонија нема да одговори со иста острина, туку ќе остане на европскиот курс и ќе продолжи да ги негува добрососедските односи. Но, истовремено изрази длабока загриженост од, како што рече, политиките што директно удираат по македонскиот идентитет и јазик.

„Обидот да се наметне терминот ‘present’ за македонскиот идентитет јасно покажува дека суштината е асимилација, а не почитување на европските вредности. Истото го гледавме и во бугарските пописи – од 200 илјади Македонци во 1956-та, до само 9 илјади во 1965-та,“ потенцираше премиерот.

Во контекст на европската перспектива на земјава, претседателот на СДСМ Венко Филипче од младинска трибина во Струмица порача дека иднината на Македонија е во Европа. Според него, токму европскиот пат е гаранција за зачувување и признание на македонскиот идентитет.

„Тоа е обединување на сите Македонци, тоа е подобар живот и систем на вредности каде идентитетот е признат, а достоинството заштитено,“ изјави Филипче.

Во меѓувреме, бугарските пратеници со 194 гласа „за“ ја изгласаа резолуцијата со која се поддржуваат евроинтеграциите на Македонија, но со јасна порака дека нема алтернатива доколку не се почитува Договорот за добрососедство.

Во среда, известителот за Македонија, Томас Вајц, ќе го презентира новиот извештај во Европскиот парламент, во кој се потврдува засебниот македонски идентитет и јазик, што се очекува да биде јасен сигнал за европската поддршка на македонската позиција.

Next Post

Николовски: Интензивни градежни активности на автопатите од Коридор 8 и 10-д

Сѐ повеќе тинејџери со болести на возрасни: Мозочен удар на 19 години, пушење, вејп и стрес како нови „детски“ отрови

Препорачани Вести

Барселона ќе му го продолжи договорот на Рафиња, а со тоа ќе го направи еден од најплатените играчи

Барселона ќе му го продолжи договорот на Рафиња, а со тоа ќе го направи еден од најплатените играчи

11 months ago

Обилни врнежи предизвикаа поплави во Радовиш и Ресен, евакуирани куќи и магацини

2 months ago

Популарни Вести

  • kucinja

    Скопје ќе ги добие првите гробишта за миленици: Институциите најавуваат решавање на децениски проблем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Армијата и полицијата на Венецуела се заколнаа на апсолутна лојалност на Делси Родригез

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Плата за невидливи работници – поранешен градоначалник под истрага за милионска измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шар Планина под висок ризик од лавини: Стручни екипи апелираат на претпазливост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.