Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Алијанса за Албанците: Таравари ги остави здравствените работници на улица, неправдата кулминира во Тетово

by
2025/06/02 13:39:44
in Uncategorized
Таравари најави, оставка од министер поднесувам утре

Алијанса за Албанците (АА) жестоко го нападна поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, обвинувајќи го за оставени здравствени работници без вработување и за, како што велат, „лични и групни политики“ кои резултирале со институционална неодговорност и деградација на јавниот здравствен систем.

„Неодговорното однесување на Таравари го достигна својот врв. Тој ќе се соочи со судот на граѓаните на двојните избори во октомври, каде што отчетноста нема да изостане“, порачуваат од АА, додавајќи дека состојбата во здравствениот систем е на раб на колапс.

Според партијата, здравствените работници и соработници со право реагираат на повеќегодишното одложување на процесот за нивно вработување. Ваквото однесување, како што истакнуваат, не само што го нарушува моралот и мотивацијата на здравствениот кадар, туку и директно го загрозува функционирањето на системот.

АА остро ја критикува и актуелната коалиција ВЛЕН, оценувајќи дека наместо ветената промена, донела уште поголема правна и професионална несигурност за здравствените работници. Според нив, во сите јавни здравствени установи има медицински соработници без редовен статус, што претставува опасност за целокупниот здравствен систем.

„Почнете од Тетово – таму каде што неправдата има најболна форма. Делувајте сега, пред да биде предоцна“, апелира Алијансата, барајќи итна владина седница со единствена точка на дневен ред: трајно вработување на сите здравствени соработници и среден медицински персонал.

„Ако денес ги игнорираме белите мантили, утре ќе ни недостига самата надеж за функционален здравствен систем“, предупредуваат од АА.

Next Post

Коњановски потпиша меморандум за културна соработка со археолози од САД и Македонија

Експерти алармираат: Прихраната на мечките на Шар Планина е опасна и контрапродуктивна

Препорачани Вести

Сара Пројкоска од ФМУ загинала во Кочани

Сара Пројкоска од ФМУ загинала во Кочани

10 months ago

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

2 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.