Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Димитриеска – Кочоска: Од 1 јули пониски царини за 67 индустриски суровини, целта е поевтино производство и повисок извоз

by Уредник
02.06.2025
in Uncategorized
gordana kocoska

Владата на последната седница го усвои Предлог-законот за измени на Законот за Царинска тарифа, со кој се намалуваат царинските стапки за 67 суровини и репроматеријали што ги користи домашната индустрија. Целта е овие мерки да започнат да важат од 1 јули годинава, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на прес-конференција.

„Се работи за материјали кои се неопходни во производниот процес на автомобилската, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергетскиот сектор. Со ова очекуваме директно да ја зголемиме извозната конкурентност на македонската индустрија“, изјави таа.

Царинските стапки ќе се намалат за 50% од разликата меѓу македонските и стапките што важат во ЕУ. На пример, ако царината за одредена стока е 20% кај нас, а 10% во ЕУ, од јули ќе се намали на 15%.

Министерката посочи дека се прави и целосно усогласување со ЕУ за увоз на литиум-јонски батерии, кои ќе се царинат по стапка од 2,7% наместо досегашните 15%. „Овие батерии стануваат клучен дел од енергетската транзиција. Со нивното поевтинување директно ја поддржуваме стабилноста на системот и економската оправданост на обновливите енергетски проекти“, нагласи таа.

Димитриеска – Кочоска најави и целосна либерализација на увозот од САД – укинување на царините за американски производи. Тоа, според неа, ќе ја зголеми конкуренцијата на домашниот пазар и ќе испрати порака за продлабочување на економското партнерство со САД.

„Оваа мерка ќе донесе пониски трошоци за компаниите, повеќе инвестиции, нови работни места и повисок економски раст. Тоа е нашата насока – стабилно и предвидливо бизнис окружување за сите компании“, заклучи министерката.

Next Post

Мистериозен вселенски објект шокира научници: Секоја 44 минути испраќа сигнали како часовник

Дали ќе имаме нови цени на струјата?

Препорачани Вести

Телеграм шпионира речиси милијарда корисници – како да се заштите?

Телеграм шпионира речиси милијарда корисници – како да се заштите?

8 months ago

НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Турската компанија „Џагатај Кабло“ ќе гради нова фабрика во Скопје

9 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.