Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Над 4.000 животи годишно згаснуваат поради пушење: СЗО бара итна акција во Македонија

by Уредник
02.06.2025
in Uncategorized

Во Македонија секоја година умираат повеќе од 4.000 луѓе поради консумирање на тутун, предупреди претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Аким Али, на одбележувањето на Светскиот ден без тутун. Според најновите податоци, земјата е меѓу водечките по стапка на пушење во Европа – над 46 отсто од возрасните мажи и 27 отсто од жените користат тутунски производи или никотин.

„Ова не е неизбежно – може да се спречи. Ако не преземеме ништо, последиците ќе бидат уште посериозни, вклучително и пад на населението и забавен економски раст“, изјави Али.

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, призна дека контролата врз спроведувањето на Законот за пушење е недоволна и најави заострување на регулативите, како и зголемување на царинските давачки за тутунските производи. „Работиме на измени на законот, но и на ефикасна имплементација“, рече Андовски.

Кампањите за електронски цигари на социјалните мрежи, особено кај младите, ќе бидат дополнително регулирани, информираше директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. „Не смее да се дозволи промоција на нови форми на зависност“, рече таа.

Аким Али истакна дека глобално над седум милиони деца се активни пушачи, а во Македонија дури седум од десет пушачи ја почнуваат навиката уште во адолесценцијата. СЗО апелира на итна акција – од поостри закони до засилени едукативни кампањи – за да се спаси иднината на младите и здравјето на нацијата.

Next Post
vlen

„Вреди“ обвинува за коруптивна шема меѓу Арсовска, ДУИ и Левица: 12.000 евра за совети од синот на Беџети

Руската страна со ултиматум – пропаднаа ли преговорите со Украина?

Препорачани Вести

Нови проблеми: Таинствени пораки поврзани со Русија се појавиле во неколку европски градови

Нови проблеми: Таинствени пораки поврзани со Русија се појавиле во неколку европски градови

5 months ago

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во посета на Македонија

9 months ago

Популарни Вести

  • Божиновска за Бизнис Вести: Годинава ја поставивме основата за зелена енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода возачи во Валандово, Гевгелија и велешко затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во велешко излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканска земја испраќа војници на Гренланд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Тетово уапсен криминалец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.