Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Павле Трајанов предложи Македонија да стане една изборна единица

by Уредник
02.06.2025
in Uncategorized
Павле Трајанов предложи Македонија да стане една изборна единица

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска до Собранието достави предлог-закон за измени на Изборниот законик, со кој се предлага Македонија да биде една изборна единица.

Според партијата, предложените измени ќе придонесат за поголема демократизација на изборниот процес, јакнење на законодавната контрола врз извршната власт, како и за демонтажа на „еднопартискиот систем“ на владеење.

„Во процесот на носење круцијални одлуки ќе бидат вклучени повеќе политички субјекти, а со тоа ќе се зголеми одговорноста на институциите пред граѓаните“, се наведува во соопштението од Демократскиот сојуз.

Партијата предлага да се задржи пропорционалниот модел, без изборен праг, а распределбата на мандатите да се врши според Донтовиот модел. Една изборна единица, велат од ДС, ќе обезбеди еднаква вредност на гласот, за разлика од сегашниот модел, каде што бројот на гласови потребни за избор на пратеник значително се разликува по изборни единици.

„Во шестата изборна единица еден пратеник се избира со 6.300 гласа, а во третата со 10.000 гласа. Со предлогот, секој пратеник ќе има речиси ист број на гласачи зад себе“, нагласуваат од ДС.

Дополнително, се предлага овозможување на самостоен настап на партии од помалите етнички заедници, кои – доколку добијат доволна поддршка – ќе добијат свое место во Парламентот.

Во однос на отворените листи, Демократскиот сојуз смета дека таа реформа сè уште не е доволно истражена. Затоа предлага пилот-проект: отворени листи на локалните избори, но само во неколку општини – Центар, Струга и Гевгелија.

Покрај тоа, партијата предлага предлог-законот да се надополни со препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

Од Демократскиот сојуз потсетуваат дека веќе 15 години се залагаат за вакви изборни реформи, кои, според нив, уживаат широка поддршка кај граѓаните, но досега биле блокирани со, како што велат, „флоскулата за општ политички консензус“.

„Последниот обид за воведување на една изборна единица беше во 2022 година, но беше блокиран од СДСМ и ДУИ“, се додава во соопштението.

Next Post
Во Русија повикуваат на нуклеарен одговор, Москва под огромен притисок после големиот украински напад

Во Русија повикуваат на нуклеарен одговор, Москва под огромен притисок после големиот украински напад

Герасимовски: Центар затрупан во смет – време е да ги преземеме ингеренциите на „Комунална хигиена“

Герасимовски: Центар затрупан во смет – време е да ги преземеме ингеренциите на „Комунална хигиена“

Препорачани Вести

Трамп успеа – стави крај на историски долгогодишен конфликт

6 months ago
Африканци намамени со лажни ветувања – стотици Кенијци и други платеници се борат за Русија во Украина

Африканци намамени со лажни ветувања – стотици Кенијци и други платеници се борат за Русија во Украина

3 months ago

Популарни Вести

  • Запалени шишиња фрлени кон куќа во Скопје, спречена поголема трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Жителите на Киев објавуваат фотографии од замрзнати станови и импровизирани начини за греење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД со јасна порака до Иран пред заедничката воена вежба со Русија и Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.