Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Подгответе се за Африкански бран: Еве какво лето ја очекува Македонија

by Уредник
02.06.2025
in Uncategorized
Подгответе се за Африкански бран: Еве какво лето ја очекува Македонија

Летото се очекува да биде значително потопло и посушно од просечните вредности измерени во изминатите години. Во државата постои голема веројатност температурата да надмине повеќегодишен просек за околу 3°C речиси на целата територија. Најизразено зголемување на температурите се предвидува во јули.

Според анализите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), летните температури во југоисточниот регион на Европа ќе бидат надпросечни.

Несигурноста кај предвидувањата за врнежите е поголема отколку кај температурата. Се очекува врнежите во целиот југоисточен регион да бидат под просекот, а во Северна Македонија најголемо намалување на количината на врнежи се предвидува во јули. Сепак, во планинските подрачја постои голема веројатност за надминување на просечните врнежи поради појава на засилена конвекција и локално обилни врнежи, стои во соопштението од УХМР.

Многугодишниот просек за температурата на воздухот во летниот период (1991-2020) изнесува околу 16°C во планинските предели и до 26.1°C во Гевгелија. Просечните врнежи во летото најмногу се јавуваат во источниот дел на земјата, каде достигнуваат околу 170 милиметри.

Во Скопје, согласно многугодишниот просек, температурите за јуни, јули и август изнесуваат 22.2°C, 24.7°C и 24.6°C, додека просечната количина на врнежи во истиот период е 47.6, 34.1 и 37.4 милиметри.

Од УХМР предупредуваат дека ова лето може да се појават периоди со екстремно топло и суво време, како и изразени негативни отстапувања од вообичаените температурни вредности. Сепак, ќе има и влажни периоди, поради што временските услови можат да варираат и не се лесно предвидливи со подолг временски период. Затоа се препорачува редовно следење и ажурирање на прогнозите.

Next Post
Полицијата во Македонија во текот на месец мај напишала 21.178 казни – еве за што најмногу се казнувало

Полицијата во Македонија во текот на месец мај напишала 21.178 казни - еве за што најмногу се казнувало

Добро подгответе се доколку одите на одмор во Хрватска: Еве какви се цените во една од омилените летни дестинации

Добро подгответе се доколку одите на одмор во Хрватска: Еве какви се цените во една од омилените летни дестинации

Препорачани Вести

Песков: Путин подготвен за преговори со Трамп и Зеленски, но под еден услов

Песков: Путин подготвен за преговори со Трамп и Зеленски, но под еден услов

8 months ago

Златници од 17 век пронајдени во лонец под кујнски под

10 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.