Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Русија и Украина повторно на преговори во Турција – мирот се бара по најжестоката размена на удари досега

by Уредник
02.06.2025
in Uncategorized

Русија и Украина денеска повторно седнаа на заедничка маса во Турција во обид да постигнат договор за прекин на огнот, прв пат по ескалацијата на конфликтот во последните денови. Како што соопшти турското Министерство за надворешни работи, состанокот започна во 12 часот и се одржува во луксузната историска палата Чираган, на брегот на Босфорот, каде што двете страни веќе преговараа минатиот месец.

Преговорите ги води турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, а темите се фокусирани на можен прекин на огнот, размена на затвореници и враќање на украинските деца кои, според Киев, биле киднапирани од Русија на почетокот од војната.

Во пресрет на средбата, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за траен мир неопходен е и самит на највисоко политичко ниво.

„Ги споделивме нашите очекувања за состанокот во Турција. Повторно понудивме целосен и безусловен прекин на огнот и чекори што водат до сигурен и траен мир. Ја изложивме нашата логична и реална позиција. Русите, пак, сè уште не го споделиле нивниот меморандум – ниту со нас, ниту со Турција, ниту со САД“, рече Зеленски.

Средбата се одржува само неколку часа по најжестокиот ракетен напад досега – Русија испалила 500 балистички ракети и дронови кон Харков, како одговор на украински дронски напад на руска територија, во кој, според Киев, биле уништени или оштетени 40 стратешки воени авиони во четири различни бази.

Зеленски изјави дека операцијата „Пајажина“ била подготвувана година и пол и вклучувала 117 дронови, лансирани од камиони прокриумчарени во Русија.

„Ова беше брилијантна акција со прецизна воена цел – опрема што се користи против Украина. Русија претрпе вистинска, мерлива загуба, и тоа е заслужено“, рече Зеленски. Според украинските безбедносни служби, штетата се проценува на околу 7 милијарди долари, а меѓу погодените се бомбардери „Ту-95“, „Ту-23М3“ и авиони за рано предупредување „А-50“.

Руските власти признаа дека имало напади во пет региони и ги опишаа како „терористички акт“, тврдејќи дека неколку лица се приведени. Сепак, Зеленски уверува дека сите украински оперативци се навремено извлечени на безбедно.

Додека дипломатите во Истанбул се обидуваат да најдат пат до прекин на непријателствата, судирите на теренот продолжуваат со несмалена жестина, оставајќи малку надеж дека политичкиот дијалог ќе ги надмине воените реалности.

Next Post

Хрватска ги затвори училиштата за родители – забрана за посети во последните две недели од наставата

ЈП Водовод и канализација со инфомации за квалитетот на водата за пиење во Скопје

Препорачани Вести

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се изјасни за невин

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се изјасни за невин

4 months ago

На скопскиот аеродром слета американски Боинг 747 со воена опрема за македонската армија

1 month ago

Популарни Вести

  • Божиновска за Бизнис Вести: Годинава ја поставивме основата за зелена енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода возачи во Валандово, Гевгелија и велешко затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во велешко излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканска земја испраќа војници на Гренланд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Тетово уапсен криминалец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.