Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Се реши проблемот со возачкиот испит во Битола, од 4 јуни почнува полагањето

by Уредник
02.06.2025
in Uncategorized
Се реши проблемот со возачкиот испит во Битола, од 4 јуни почнува полагањето

БИТОЛА – Надминат е проблемот со полагањето на возачки испит во Битола, по повеќе од пет месеци, Битола добива нов оператор за полагање за возачка дозвола.

Авто мото испитен центар – Супер возач ДООЕЛ Битола е правниот субјект кој во наредните пет години по овластување на Министерството за внатрешни работи, ќе ги спроведува возачките испити за кандидатите за возачи од општините Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.

На 4 јуни (среда) во Битола ќе започне со работа новиот центар за полагање на возачки испити кој се наоѓа во просториите на поранешниот Славјански универзитет во Битола.

Досега се’ во Битола и околните општини беше закочено за добивање на возачка дозвола. Оние што требаше да полагаат за возачки испит одеа во Охрид, Кавадарци или Кичево. Граѓаните беа револтирани поради зголемените трошоци, и јавно реагираа како може МВР да не најде оператор навреме. Гневот беше голем и кај авто-школите кои губеа пари и значително им се одрази на нивната финансиска состојба особено што требаше да им даваат плата на вработените во услови кога не заработуваат.

Во известувањето до медиумите стои дека операторот АМИЦ Супер возач Битола е со седиште во Битола и шест места каде што ќе може да се пријавува за полагање: во Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод. Поседува три автодроми за полагање на прв практичен испит во Битола, Прилеп и Ресен како и три центри за полагање на теоретски испит во Битола, Прилеп и Ресен.

За полагање на првиот и вториот практичен испит АМИЦ Супер возач Битола на кандидатите за возачи им става на располагање триесетина стандардизирани возила од сите категории.

„Возачките испити во АМИЦ Супер возач Битола ги спроведуваат лиценцирани испитувачи, доминантно од редот на дипломирани сообраќајни инженери со долгогодишно искуство во едукација и тестирање на кандидати за возачи. Непосредно по официјалниот почеток со работа, АМИЦ Супер возач Битола ќе започне со прием на пријави за полагање на возачки испити како и со закажување и објава на распоредот за полагање на првите испити“, известува новиот оператор.

Проблемот Битола да остане без испитен центар за полагање на возачка дозвола настана на 15 декември лани, кога заврши договорот со претходниот оператор. Пропаднаа неколку огласи, па МВР на 9 април распиша нов оглас за избор на правен субјект за добивање на лиценца за испитен центар во Битола.

Финансиски штети трпеа и граѓаните и авто школите во Битола. Налето и напролет се запишуваат матурантите, само од нив таа бројка на засегнати изнесува над 1.000 кандидати. Вкупните трошоци за една возачка дозвола изнесуваат околу 42.000 денари.

А.Блажевска / Апла.мк

Next Post
„Србија се крена и ќе стои неуморно“ – студентски протести во над 30 градови со барање за избори

„Србија се крена и ќе стои неуморно“ – студентски протести во над 30 градови со барање за избори

Приведени дрвокрадци во скопско, дрвата и возилото се одземени

Приведени дрвокрадци во скопско, дрвата и возилото се одземени

Препорачани Вести

Рударството во Македонија: „тивкиот“ извозен мотор на кој традиционално се потпира економијата

6 months ago
Трамп: Размислувам да одам во Турција и да се придружам на преговорите меѓу Русија и Украина

Трамп: Размислувам да одам во Турција и да се придружам на преговорите меѓу Русија и Украина

9 months ago

Популарни Вести

  • Запалени шишиња фрлени кон куќа во Скопје, спречена поголема трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Жителите на Киев објавуваат фотографии од замрзнати станови и импровизирани начини за греење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД со јасна порака до Иран пред заедничката воена вежба со Русија и Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.