Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Вреди“ обвинува за коруптивна шема меѓу Арсовска, ДУИ и Левица: 12.000 евра за совети од синот на Беџети

by Уредник
02.06.2025
in Uncategorized
vlen

Антикорупциската платформа „Вреди“ излезе со сериозни обвинувања за корупција, непотизам и злоупотреба на јавни средства во Град Скопје, посочувајќи директна вмешаност на градоначалничката Данела Арсовска, функционери од ДУИ и Левица. На прес-конференција беа презентирани конкретни документи за сомнителни договори склучени од ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ со блиски лица на политичари и директори.

Според наводите, претпријатието на 25 февруари 2025 година склучило договор вреден 775.000 денари (близу 12.000 евра) со фирмата „Веда ДООЕЛ“, чии приматели на парите се Валон Беџети, осумнаесетгодишен син на градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Договорот е за наводни „интелектуални услуги – совети за заштита на животната средина“, без јасни резултати или извештаи за завршена работа.

„Парите на скопјани завршуваат во сметките на фамилијата Беџети, додека градот тоне во ѓубре и нечистотија“, велат од „Вреди“.

Истовремено, јавноста беше информирана и за втор случај со идентична фактура и сума, исплатена на друго лице – Бесар Саќипи, блискиот роднина на в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахедин Рустеми, кој според обвинувањата, е поставен од Арсовска во координација со ДУИ.

„Во еден ден – две фактури, две исплати по 775.000 денари, иста шема, различни роднини“, изјавија од „Вреди“, посочувајќи дека вкупната штета изнесува 1.550.000 денари – износ кој, според нив, би можел да покрие годишен буџет за контејнери во неколку скопски населби.

Организацијата повика на итна реакција од Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупција и МВР, барајќи истрага за злоупотреба на службена положба, перење пари и судир на интереси. Исто така, од Градот Скопје побараа раскинување на договорот, разрешување на директорот и свикување на вонредна седница на Советот.

„Градоначалничке Арсовска, или ќе ги разрешите и ќе поддржите истрага, или ќе останете соучесник во оваа кражба од џебот на скопјани“, порачаа од „Вреди“, најавувајќи дека секој ден ќе објавуваат нови докази за корупцијата, фиктивните фактури и партиските вработувања поврзани со, како што велат, „коалицијата на корупција и омраза“.

Next Post

Руската страна со ултиматум – пропаднаа ли преговорите со Украина?

Во Белград е уапсен маж кој со нож му нанел смртоносни повреди на куче

Тепачка во Центар: Еден од учесниците нападнал со тврд предмет

Препорачани Вести

Ристовски: Реконструирани спортските терени и поставени нови фитнес справи во ООУ „Кочо Рацин“ во Центар

5 months ago
Хорор во Лондон: Седумнаесетгодишник избоден до смрт на улица – уапсени две млади момчиња

Хорор во Лондон: Седумнаесетгодишник избоден до смрт на улица – уапсени две млади момчиња

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.