Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Годишниот извештај за работата на Судскиот совет пред пратениците на 51. седница на Собранието

by Уредник
03.06.2025
in Uncategorized
Годишниот извештај за работата на Судскиот совет пред пратениците на 51. седница на Собранието

На денешната 51. седница на Собранието, пред пратениците се најде Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година.

Во извештајот се наведува дека Советот во текот на 2024 година одржал 39 седници, на кои биле донесени одлуки за избор и разрешување на судии, претседатели на судови и судии поротници, утврдување на нестручно или несовесно вршење на функцијата, разгледување извештаи за работата на судовите, времено упатување на судии и други активности согласно законските надлежности.

Советот почна со имплементација на краткорочните препораки од Извештајот на оценската мисија на ЕУ, кои се опфатени со усвоениот Акциски план. Во 2025 година, приоритет останува реализацијата на препораките за унапредување на постапките за избор и одговорност на судиите и членовите на Советот, како и зголемување на транспарентноста и управувањето со ресурсите.

Судскиот совет истакнува дека ќе продолжи со следење на состојбите во судството, постапување по случаи со можни коруптивни дејствија и примена на Програмата за превенција на корупцијата 2022–2025. Меѓу клучните заложби е и зголемување на буџетот за судската власт од сегашните 0,3% на законски предвидените 0,8% од БДП.

На истата седница, пред пратениците се најдоа и неколку законски предлози, меѓу кои и за ратификација на Договорот за ЦЕЕПУС IV, претворање на побарувања кон странски кредитори во влог во НОМАГАС, како и измени на закони за невработеност, приватни агенции за вработување и јавно здравје.

Next Post
Израелски напади во Појасот Газа: Убиени најмалку 35 Палестинци, меѓу нив и цивили што чекале хуманитарна помош

Израелски напади во Појасот Газа: Убиени најмалку 35 Палестинци, меѓу нив и цивили што чекале хуманитарна помош

Дискриминацијата на Македонците во Бугарија се заснова на вкоренета националистичка идеологија

Дискриминацијата на Македонците во Бугарија се заснова на вкоренета националистичка идеологија

Препорачани Вести

Кривична пријава против две лица од Струга поради предизвикување пожар

Кривична пријава против две лица од Струга поради предизвикување пожар

4 months ago

Нова регулатива: Станбено-деловните згради мора да имаат систем за централно греење

1 month ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Прилеп се гордее со младите шампиони – Лука Најдоски е инспирација за сите генерации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кросето ја исмеа мисијата во Гренланд, Италија вели „не“ на симболични потези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче предлага нов прв човек на ДИК, Кондарко останува член

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отворена Светската купа во сноуборд 2026 во Банско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Ѓурѓај за Нова Македонија: предизвиците и надежите на македонското малцинство во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.