Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Падна владата на Холандија

by Уредник
03.06.2025
in Uncategorized
Падна владата на Холандија

Пад на владата во Холандија: Ултрадесничарот Герт Вилдерс ја повлече својата партија од коалицијата

Кревката коалициска влада во Холандија доживеа колапс откако лидерот на крајната десница, Герт Вилдерс, ја повлече својата Партија за слобода (PVV) од владејачката структура поради несогласувања околу миграциската политика.

Владата предводена од премиерот Дик Шофер падна во вторникот, откако Вилдерс соопшти дека се повлекува од коалицијата поради, како што наведе, неможноста да се постигне согласност за воведување на „најрестриктивната имиграциска политика досега“, која била договорена со коалиционите партнери по изборната победа во ноември 2023 година.

„Нема потпис за нашите планови за азил… PVV ја напушта коалицијата“, напиша Вилдерс на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

Тој додаде дека го известил премиерот Шофер дека сите министри од неговата партија ќе ја напуштат владата.

Владината криза пред самитот на НАТО

Колапсот на владата доаѓа само неколку недели пред Холандија да биде домаќин на самитот на лидерите на НАТО – настан од голема меѓународна важност за земјата.

Вилдерс, кој со години води кампања против имиграцијата, уште кон крајот на мај најави дека ќе ја напушти владината коалиција доколку неговиот план од десет точки за ограничување на имиграцијата не биде спроведен во краток рок.

Планот вклучуваше затворање на границите за барателите на азил, засилена гранична контрола и депортација на осудени државјани со двојно државјанство. „Затворање на границите за баратели на азил и забрана за спојување на семејства. Нема отворање нови азилантски центри – напротив, тие треба да се затворат“, поентираше Вилдерс.

Контроверзии и правни предизвици

Иако неговиот план беше поддржан од дел од гласачкото тело, повеќето политички аналитичари и експерти за човекови права оценуваат дека предложените мерки се правно спорни, тешко применливи, па дури и спротивни на меѓународното право.

Некои аналитичари дури сметаат дека Вилдерс намерно ја предизвикал кризата за да ја урне владата, отворајќи можност за нови избори во кои би се обидел да добие посилен мандат и поширока поддршка за својата антиимиграциона агенда.

Next Post
Белата куќа објави нов официјален портрет на Доналд Трамп: Сериозен поглед, но и нова вратоврска

Белата куќа објави нов официјален портрет на Доналд Трамп: Сериозен поглед, но и нова вратоврска

Повеќе од 100 затвореници избегаа од пакистански затвор по земјотрес во Карачи

Повеќе од 100 затвореници избегаа од пакистански затвор по земјотрес во Карачи

Препорачани Вести

Израелските разузнавачи тврдат: Иран успеал да заштити дел од збогатениот ураниум

Израелските разузнавачи тврдат: Иран успеал да заштити дел од збогатениот ураниум

6 months ago
Трамп го запали фитилот: Дали почнува нова нуклеарна ера?

Трамп го запали фитилот: Дали почнува нова нуклеарна ера?

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.