Connect with us

Црна Хроника

Скандал во Државна лотарија: Шестмина под истрага за милионска злоупотреба со јавни набавки!

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против шест физички лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“. Имено, првопријавениот, во својство на претседател на управен одбор на Државна лотарија на Македонија, усвоил план за изменување и дополнување на планот за јавни набавки за 2023 и го намалил периодот на важност на договорот за изнајмување софтвер за лотариски систем на една година со што двојно ја зголемил проценетата вредност за набавката и склучил договор со друго правно лице.

Второпријавениот, во својство на директор на Сектор за информатички технологии, изготвил барање за измена на планот за јавни набавки со Секторот за јавни набавки на Државна лотарија на РМ за 2023, во кое навел дека предвидените средства за изнајмување на софтвер на лотариски систем во висина од 12.000.000 денари не се доволни и исто така не преземал дејствија за раскинување на договорот со едно правно лице и покрај тоа што знаел дека постапуваат погрешно во делот на одржување на софтверот.

Второ, трето и четврто пријавените, во својство на членови на комисија за јавни набавки, изготвиле извештај од спроведена постапка од 2023 во која констатирале дека доставените понуди од едното правно лице и другото правно лице ги исполнувале критериумите, и покрај тоа што не ги исполнувале бараните критериуми.

Петто и шесто пријавените во име на правните лица склучиле договор за поднесување на заедничка понуда во отворена постапка, во кој навеле дека освен банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот едното правно лице ќе обезбеди и развиен софтвер за лотариски систем, додека пријавеното правно лице не се придржувало и не ги исполнило условите и барањата од набавка.

Од преземените дејствија, двете правни лица се стекнале со противправна имотна корист од 11.870.754 денари, информираше МВР за јавноста.

Advertisement

Црна Хроника

Жена од Скопје приведена по инцидент со полициски службеници

На 18.12.2025 во 14:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа Д.Ц.(49) од Скопје, затоа што се однесувала агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување од речиси 65 милиони денари

finansiska

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Б.А. и Д.Х., сопственици и управители на АРЃИРА ДООЕЛ Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ според член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Првопријавениот Б.А. во периодот 2020 – 2023 година присвоил трговска стока – златен накит во вредност од 197.742.227 денари, при што не пресметал и не уплатил ДДВ во износ од 35.593.601 денар и данок на личен доход од 21.969.161 денар, предизвикувајќи штета на државниот буџет од 57.562.762 денари.

Второпријавениот Д.Х. во 2024 година присвоил дел од увезената стока – златен накит и необработено сребро во вкупна вредност од 22.659.754 денари, избегнувајќи да пријави и уплати ДДВ од 4.551.963 денари и данок на личен доход од 2.809.573 денари, со што државата е оштетена за 7.361.536 денари.

Со овие дејствија, пријавените се стекнале со противправна имотна корист и ја оштетиле државата за вкупно 64.924.298 денари во периодот 2020 – 2024 година.

Финансиската полиција истакнува дека случајот е предаден на Основното јавно обвинителство – Скопје за понатамошно постапување.

Continue Reading

Црна Хроника

Тепачка во Швајцарија: Уапсени шест лица, меѓу нив и двајца малолетници од Македонија

Шест лица, меѓу кои и двајца малолетници од Северна Македонија, се уапсени по физичка пресметка што се случила во вторникот вечерта во градот Винтертур, Швајцарија.

Инцидентот се случил во населбата Винтертур-Сенхоф и бил пријавен нешто пред 21 часот, откако полицијата добила дојава за лице кое лежи на земја со повреди на главата. По пристигнувањето на терен, полициските патроли затекнале повеќе лица вклучени во пресметката.

Според првичните информации од истрагата, настанот бил претходен од жестока вербална расправија која ескалирала во физичка тепачка, при што бил употребен и бибер-спреј. Во инцидентот биле повредени три лица – државјани на Сирија на возраст од 48, 18 и 17 години, кои со возило на итна медицинска помош биле пренесени во болница.

Повреди заработил и 15-годишен тинејџер од Северна Македонија, кој, според полициските информации, сам се упатил на лекарски преглед.

Полицијата привела и испрашала вкупно шест лица инволвирани во настанот. Меѓу нив се тројцата повредени државјани на Сирија, двајца малолетници од Северна Македонија на возраст од 15 и 17 години, како и 16-годишен швајцарски државјанин.

Сите учесници ќе бидат процесуирани од надлежните институции, при што малолетните лица ќе одговараат пред Обвинителството за малолетници, а полнолетните пред Јавното обвинителство.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг