Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

УКИМ непостоечки во регионот, Крагуевац, Ниш, Нови Сад и Темишвар далеку пред скопскиот универзитет

by Уредник
03.06.2025
in Uncategorized

Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ) годинава не успеа да се најде на ранг-листата на 2.000-те најдобри универзитети во светот, објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR) за 2025 година. Ова се случува по тоа што минатата година УКИМ се најде на 1.990-то место, но годинава е воопшто исклучен од редот на рангираните.

Во услови кога соседните земји гордо ги претставуваат своите високообразовни институции, Р. Македонија остана без ниту еден претставник во првите 2.000. За споредба:

• Грција има дури 11 универзитети што се рангирани во ТОП-2.000, меѓу кои и елитни институции како Националниот и Каподистријански Универзитет во Атина (ранг 287), Универзитетот „Аристотел“ во Солун (445) и Националниот Технички Универзитет во Атина (626). Меѓу „последните“ на листата за Грција се споменуваат Харокопио Универзитетот (ранг 1.918) и Земјоделскиот Универзитет во Атина (1.797).

• Романија има осум претставници: најдобар е Универзитетот „Бабеш–Боилеј“ во Клуж-Напока (ранг 962), а меѓудругите влегуваат и Трансилванискиот Универзитет во Брашов (1372), Универзитетот во Темишвар (1451) додека на дното е Илиу Хаџегану Универзитетот за медицина и фармација во Клуж (ранг 1.571).

• Србија има четири рангирани универзитети: водечки еБелградскиот Универзитет (376), потоа следи Нови Сад (1121), Крагуевац (1584) додека на самиот крај се наоѓа Универзитетот во Ниш (ранг 1731).

• Бугарија може да се пофали со два претставници: Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“ (1048) и Медицинскиот универзитет – Софија (1542).

• Словенија исто така е застапена со два: Универзитетот во Љубљана (ранг 441) и Универзитетот во Марибор, кој годинава не се најде во првите 2.000 (во CWUR-2024 бил на 1.166).

• Хрватска е застапена единствено со Универзитетот во Загреб (ранг 508).

И додека сите овие земји – вклучувајќи ги и оние кои имаат низок пласман – успеваат да испратат барем по еден универзитет во глобалниот плеј-оф, УКИМ остана зад сите, не успевајќи дури ни да го повтори минатогодишниот успех од 1.990-то место.

Според CWUR, клучните критериуми за рангирање вклучуваат: Квалитет на образованието (25%), вработување на поранешните студенти, квалитет на наставниот кадар,истражувачки перформанси, научни трудови,висококвалитетни публикации, и влијание и цитати.

Додека на врвот, традиционално, се елитите како Харвард, МИТ и Стенфорд од САД, како и Кембриџ и Оксфорд од Велика Британија, на самиот долен дел на листата за 2025 година соседните земји праќаат универзитети кои секоја година се борат да го задржат своето место. Така, покрај Крагуевац (1.584) и Ниш (1.731), негативниот пласман на Марибор (надвор од ТОП-2.000) ја покажува суштинската разлика во споредба со УКИМ.

На крај, отсуството на УКИМ од листата ја сугерира потребата од сериозна анализа како да се подобри академската и истражувачката инфраструктура дома, за да се избегне срамот кој овој универзитет го доживува во моментот.

Next Post

Apple најавува нова апликација за игри пред лансирањето на Switch 2 од Nintendo

ШОК ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА CHROME: Овие 8 екстензии крадат податоци и инсталираат вируси!

Препорачани Вести

Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

4 hours ago

Тоневски: ВМРО-ДПМНЕ вложува во развојот на Пробиштип и иднината на граѓаните

6 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.