Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Димитровски: Советниците на СДСМ гласаат против сè што значи напредок за Битола

by Уредник
04.06.2025
in Uncategorized

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, во јавна изјава упати сериозни обвинувања кон советниците на СДСМ за, како што вели, систематско спротивставување на развојните проекти кои ги иницира локалната самоуправа во периодот 2021–2025.

Според Димитровски, советничката група на СДСМ гласала против клучни проекти за градот и околните населени места, меѓу кои:

реконструкција на планинарскиот дом Копанки, изградба на велосипедски патеки на булеварите Партизанска и Васко Карангелевски, уредување на нов парк во населбата Нова Битола, прифаќање на грант од Европската инвестициона банка во висина од 1 милион евра за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, изградба на мултифункционален спортски комплекс.

„Се поставува логичното прашање: Што е тоа што не е во ред со поддршката на проекти што носат квалитетен живот за граѓаните?“ — прашува Димитровски.

Тој најави дека на следната седница на Советот ќе бидат предложени нови капитални инвестиции, вклучително и:

изградба на спортски игралишта во основните училишта, три нови училишни спортски сали, адаптација на објект во училиште во населбата Буковски ливади, изградба на пет нови паркинзи, како и инфраструктурни зафати низ Битола и населените места.

„Големи се изгледите советниците од СДСМ повторно да гласаат против“, предупредува тој, додавајќи дека „граѓаните јасно гледаат разлика меѓу конкретни дела и празни зборови“.

На крајот, Димитровски потсети дека во мандатот 2017–2021, кога СДСМ беше на власт во општината, освен реконструкцијата на Офицерски и продолжувањето на изградбата на стадионот, не било реализирано ништо суштинско.

„Граѓаните знаат, паметат и ќе ја направат вистинската разлика“, заклучи секретарот на Општина Битола.

Next Post

Дивата депонија во Кичево под лупа – полицијата реагира, повикан директорот на „Комуналец“

Млад Србин херојски го спасил животот на Македонец на Олимпик бич во Грција

Препорачани Вести

„Сè запира во понеделник“ – студентите најавија нов голем протест во Белград

4 months ago

ЌЕ УСПЕАТ ЛИ ОВОЈПАТ? 128.286 ГРАЃАНИ ДЕНЕС ОДЛУЧУВААТ НА ПОВТОРЕНИ ИЗБОРИ ВО 4 ОПШТИНИ

7 days ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.