Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Масовна евакуација во Келн, повеќе од 20.000 жители ги напуштија своите домови

by Уредник
04.06.2025
in Uncategorized
Масовна евакуација во Келн, повеќе од 20.000 жители ги напуштија своите домови

Евакуација во Келн: Пронајдени три неексплодирани бомби од Втората светска војна

Околу 20.000 жители на германскиот град Келн беа евакуирани откако во средата беа откриени три неексплодирани бомби од Втората светска војна, што предизвика една од најголемите операции од овој тип во Германија во последниве децении.

Голем дел од центарот на градот беше затворен додека стручни тимови се подготвуваа за неутрализирање на експлозивните направи. Станува збор за американски бомби, кои цели 80 години останале незабележани – две тешки по 90 килограми и една од 45 килограми. Поради нивната големина и потенцијалната опасност, беше воспоставена безбедносна зона со радиус од 1.000 метри.

Бомбите беа откриени уште во понеделник во округот Дојц, во централното градско подрачје на Келн. Зоната за евакуација ги опфати целиот стар дел на градот, 58 хотели, три моста, градската општина, главната железничка станица, неколку музеи, една болница и два дома за стари лица.

Дури и германската телевизиска куќа RTL беше принудена да ја прекине својата програма и да ја евакуира зградата во текот на утринските часови. Еден од водителите ѝ се обрати на публиката со зборовите: „Извинете ако делуваме забрзано – веќе сме тргнати“, пред емисијата Punkt 8 да биде прекината во живо.

Градските власти одеа од врата до врата за да се осигурат дека сите објекти се испразнети. За погодените граѓани беа отворени два центри за прифаќање, а спортски сали и цркви надвор од центарот беа адаптирани за да им пружат поддршка на евакуираните.

Сообраќајот во градот беше сериозно нарушен – три моста беа затворени, додека железничкиот и автобускиот превоз беа привремено прекинати.

Иако не е јасно кога жителите ќе можат да се вратат во своите домови, властите се надеваат дека специјализираните тимови ќе успеат да ги деактивираат бомбите до крајот на денот.

Се верува дека ова е најголемата операција за деактивирање бомби во Германија по крајот на Втората светска војна. За време на војната врз Келн биле фрлени најмалку 1,5 милион бомби, а се проценува дека околу 20% од нив не експлодирале целосно. Поради тоа, под улиците на градот и денес се кријат неексплодирани направи, што низ годините довело до повеќекратни евакуации.

Само во текот на 2024 година, во Келн се откриени 31 неексплодирана бомба, што резултираше со 17 евакуации.

Next Post
Јапонски научници создадоа пластика што исчезнува во морето за само еден час

Јапонски научници создадоа пластика што исчезнува во морето за само еден час

WhatsApp започна со тестирање на нова опција која ќе ги воодушеви корисниците

WhatsApp започна со тестирање на нова опција која ќе ги воодушеви корисниците

Препорачани Вести

Полскиот претседател: Зеленски недоволно ја цени помошта на Полска за Украина

1 month ago

Силување, снимање и уцена во Липково: Малолетничка принудена да собира 20.000 евра за да молчи

3 weeks ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.