Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Премиерот на Монголија поднесе оставка поради својот аздисан син

by Уредник
04.06.2025
in Uncategorized
Премиерот на Монголија поднесе оставка поради својот аздисан син

Премиерот на Монголија, Ојун-Ердене Лувсаннамсраи, поднесе оставка откако не успеа да обезбеди доволна поддршка при гласањето за доверба во парламентот, јавуваат монголските медиуми.

Оставката ја потврди и Амбасадата на Монголија во Вашингтон, а според информациите на порталот ikon.mn, за Лувсаннамсраи гласале само 44 пратеници, значително под потребниот минимум од 64 гласа.

Гласањето се одржа во раните утрински часови во вторникот, по неколку недели јавен притисок и протести предизвикани од медиумски објави за расипничкиот начин на живот на синот на премиерот. Дел од демонстрантите отворено бараа негова оставка, сметајќи дека скандалот ја поткопува довербата во власта.

Во пресрет на гласањето, Лувсаннамсраи предупреди дека неговото можно симнување од функцијата може да предизвика политичка нестабилност и да ја загрози, како што рече, „кревката демократија“ на Монголија.

Контроверзијата избувна откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои наводно се гледа синот на премиерот со неговата свршеница со скапа „Диор“ чанта и торби од луксузни брендови за време на нивниот свршенички одмор.

Јавноста гласно се запраша како семејството на премиерот може да си дозволи таков начин на живот, а медиумите пренесуваат дека антикорупциските органи на земјата веќе започнале истрага за финансиската состојба на семејството.

Next Post
Претреси и апсења во Скопје – ова се деталите

Претреси и апсења во Скопје - ова се деталите

Трамп: Си Џинпинг е строг лидер, тешко е да се постигне договор со него

Трамп: Си Џинпинг е строг лидер, тешко е да се постигне договор со него

Препорачани Вести

(ВИДЕО) Ескалација на протестите во Тирана: молотови коктели, судири со полицијата и повредени

4 days ago

Eве кога ќе ви легнат на сметка парите од МОЈ ДДВ

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.