Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Зеленски со предупредување до Европа: „Прашајте ги вашите разузнавачки служби што планира Русија ова лето во Белорусија“

by Уредник
04.06.2025
in Uncategorized
Зеленски со предупредување до Европа: „Прашајте ги вашите разузнавачки служби што планира Русија ова лето во Белорусија“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, упати сериозно предупредување за заканата што доаѓа од Белорусија, чиј авторитарен лидер Александар Лукашенко останува најблискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

„Прашајте ги вашите разузнавачки служби што Русија планира ова лето во Белорусија. Европа мора да биде подготвена“, изјави Зеленски во понеделникот пред новинарите во Вилнус, Литванија.

Оваа негова изјава доаѓа откако режимот во Минск најави одржување на заедничката стратегиска воена вежба „Запад 2025“ со Русија, која ќе се одржи подлабоко во внатрешноста на белоруската територија.

Франак Вјачорка, главен политички советник на лидерот на белоруската опозиција Светлана Тихановска, за американскиот магазин Newsweek изјави дека овие вежби вклучуваат „непријателски сценарија“ насочени против Западот.

Иако Лукашенко формално не се приклучи на руската воена агресија врз Украина, од 2022 година па наваму активно го поддржува Кремљ дозволувајќи ѝ на руската армија да користи белоруска територија за напади.

Засега, министерствата за надворешни работи на Русија и Белорусија не ги коментираат ваквите тврдења.

Потенцијална нова закана по Украина и НАТО

Изјавите на Зеленски ја зголемуваат загриженоста дека Русија би можела повторно да ја искористи Белорусија како полигон за напад врз Украина, со што директно би се загрозиле источните граници на НАТО.

Украинскиот претседател ги повика западните сојузници внимателно да ги следат разузнавачките податоци за време на претстојните маневри, кои се најавени за септември.

„Ако имаат доволно дрскост оттаму да подготвуваат напади, тогаш мораме заедно да бидеме посилни“, истакна тој.

Старо сценарио со нова закана

Зеленски и во минатото предупредуваше дека воените обуки во Белорусија може да послужат како увертира за нова голема офанзива, слична на инвазијата од 2022 година. Вежбите „Запад“ се одржуваат секои две години од 2009-та, но циклусот во 2023 беше прескокнат. Белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин најави дека септемвриските вежби ќе се изведуваат во внатрешноста на земјата, „за да се намалат тензиите“. Но аналитичарите сметаат дека тоа би можело да биде параван за ново распоредување на руски сили.

Франак Вјачорка, кој како млад бил присилно регрутиран во воените вежби „Запад“ поради неговата опозициска активност, вели дека уште тогаш, сценаријата биле исклучиво антиевропски и проруски – вклучително и симулирано фрлање нуклеарна бомба врз Варшава.

„Овие вежби се непријателски. Нивната цел не е одбрана, туку закана. Тоа е дел од психолошко-информативната војна“, изјави тој. Според него, заканата е насочена не само кон Украина, туку и кон Полска и Литванија.

Белорусија како милитаризиран руски сателит

Организацијата iSANS, која ги следи безбедносните состојби во Белорусија, за Newsweek изјави дека засега нема конкретни индиции за копнена офанзива од белоруска територија, но во сегашниот контекст, тешко е да се дадат сигурни прогнози.

Руските сили и натаму се присутни на аеродромите во Мозир и Жабровка, каде што се стационирани и противвоздушни ракетни единици. Иако од октомври 2022 нема ракетни напади од Белорусија, теоретската можност за тоа и понатаму постои.

Во Белорусија во меѓувреме започна вториот семестар на воена обука, која ќе кулминира со вежбите „Запад 2025“, предупредува iSANS.

Украинското министерство за надворешни работи уште во 2023 алармираше за трупање на руски и белоруски сили во близина на Гомел, во непосредна близина на украинската граница. Истото предупредување беше повторено и во август 2024.

Украина тогаш порача дека секое нарушување на државната граница ќе значи право на самоодбрана – во согласност со Повелбата на Обединетите нации.

Зближување меѓу Путин и Лукашенко

Сојузништвото меѓу Путин и Лукашенко дополнително се зацврстува од почетокот на војната. Сè поголем број аналитичари ја опишуваат Белорусија како „милитаризиран сателит на Русија“. Според проценките на американскиот Институт за проучување на војната (ISW), Кремљ се движи кон „де факто анексија“ на Белорусија преку безбедносни договори и интеграција на воените и економските системи.

Во сенка на воените вежби и геополитичките игри, се чини дека Белорусија се претвора во клучна алатка на Москва во обидот за нова ескалација во регионот.

Next Post

Диме Петроски на чело на Македонската асоцијација за рударство – нова визија за одржлив развој на секторот

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на игралиштето и детското катче кај трим патеката во Кисела Вода

Препорачани Вести

Судбоносни избори во Аргентина: Трамп вети 20 милијарди долари ако победи Милеј – „инаку нема помош“

Судбоносни избори во Аргентина: Трамп вети 20 милијарди долари ако победи Милеј – „инаку нема помош“

3 months ago

Косово денед излегува на избори, се очекува убедлива победа на Курти

11 months ago

Популарни Вести

  • Филмски грабеж: Маскирани лица со оружје ограбиле обложувалница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп се закани со царини за европските земји поради Гренланд: „САД единствени можат да ја гарантираат безбедноста“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.