Connect with us

Спорт

ЕХФ одлучи: РК Алкалоид е освојувач на ЕХФ Европскиот Куп

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ја донесе официјалната одлука во врска со неодиграниот реванш од финалето на Европскиот куп. Македонскиот клуб Алкалоид го доби мечот со службен резултат 10-0, откако грчкиот тим АЕК не се појави на теренот во Скопје, и со тоа со две победи – вклучувајќи ја и онаа во Атина – го освои престижниот европски трофеј.

Во своето соопштение, ЕХФ појасни дека „Ракометниот суд на ЕХФ ја донесе својата прва одлука во врска со случајот отворен откако беше откажан реваншот од финалето на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25 помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, првично закажан за 25 мај 2025 година во Скопјe. Ракометниот суд утврди дека АЕК бил должен да игра на закажаниот натпревар. Со одбивањето да го стори тоа, клубот ги прекршил релевантните прописи на ЕХФ и затоа е одговорен“.

Понатаму, во соопштението се наведува:

„Судот одлучи на следниов начин: Резултатот од реваншот од финалниот натпревар на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25, меѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, се регистрира со 10-0 за РК Алкалоид. Првиот натпревар заврши со победа на РК Алкaloид од 25-29. РК Алкалоид е затоа победник на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25, вклучувајќи ги сите последици и предности што произлегуваат од оваа титула. Секоја жалба против овие одлуки нема да има суспензивно дејство. Одлуката што се разгледува само ги опфаќа аспектите на случајот поврзани со натпреварувањето. Посебни дисциплински постапки во врска со одбивањето да се игра натпреварот, поврзаните штети и распределбата на билетите сè уште се во тек. РК АЕК Атина може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум (7) дена.“

Со оваа одлука, РК Алкалоид го запишува својот најголем успех на европската сцена и ја заокружува историската сезона со титула која ќе остане запаметена.

Advertisement

Спорт

По натпреварот – во полиција: Манасков приведен по напад врз тренерот на Охрид

manaskov

Суперлигашкото дерби меѓу Пелистер и Охрид заврши со победа за домашниот тим (29-25), но вистинската драма се случи по последниот судиски свиреж, кога спортската сала „Билјанини Извори“ се претвори во арена на неспортски инциденти.

Шокантни сцени го обележаа традиционалното поздравување меѓу играчите. Ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков, (33) – член на битолскиот тим, физички го нападна Крсте Андоновски, еден од помошниците во стручниот штаб на Охрид, предводен од Борис Ројевиќ.

СВР Охрид веднаш реагираше. Портпаролот Стефан Димоски потврди:

„На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар […] при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.“

Хаосот не запре во салата. Според извештаите, ракометарите на Пелистер, во налет на бес, целосно ја демолирале соблекувалната на гостинскиот тим.

Атмосферата дополнително се вжешти на улиците на Охрид, каде навивачката група на Пелистер, „Чкембари“, била вклучена во физички пресметки, напаѓајќи локални охриѓани во самиот центар на градот.

Овој инцидент фрла мрачна сенка врз спортскиот дух и бара итна реакција од ракометната федерација. Се очекуваат жестоки казни за неспортското однесување, како на теренот, така и надвор од него.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: Конструктивен состанок за избор на нов селектор на македонската А репрезентација

Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок, изјави Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На состанокот беа разменети размислувања за профилот на македонски тренер кој ќе внесе стабилност, јасна концепција и континуитет во работата со најдобрата селекција.

Предлогот за нов селектор ќе биде доставен до Управниот одбор на ФФМ најдоцна до 25 декември.

Continue Reading

Спорт

„Пелистер“ го слави јубилејот: 90 години планинарска традиција и спортски успех

Најтрофејното и најстарото национално планинарско-спортско друштво во Република Македонија, Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ – Битола, формиран уште во далечната 1935 година, со гордост одбележува импозантни 90 години постоење. Оваа годишнина не е само јубилеј, туку прослава на една богата традиција, која ги постави темелите на организираното планинарење и скијање во земјава.

Во рамките на јубилејната програма, вечерашниот настан во Битола ќе биде вистински магнет за сите љубители на планината. Пред планинарите и рекреативците од градот и државата, во Битолскиот театар ќе гостува д-р Сашко Кедев, кој ќе ја претстави својата презентација „14х8000 метри“.

Прославата кулминира во недела со традиционална планинарска пешачка тура на планината Баба, која ќе ги собере сите генерации на едно место, во природата.

Забележано во архивите како вистинска приказна за успехот, клубот е основан во 1935 година како Туристичко-планинарско друштво „Пелагонија“. ПСК „Пелистер“ е негов правен наследник, како основоположник на македонското национално планинарско движење.

Во текот на своето деветдецениско постоење, ПСК „Пелистер“ ги има најголемите имиња на битолското и македонското планинарство. Невозможно е да се спомене клубот, а да не се истакне името на Димитар Илиевски Мурато – првиот Македонец кој во 1989 година го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест.

Од клубот произлегоа и бројни државни прваци во скијање во сите категории, а нивните планинари ги освоија највисоките точки од Балканот (Мусала, Олимп, Триглав, Кораб…) па сѐ до најдалечните и највисоките врвови на Европа и светот: Елбрус, Матернхорн, Арарат, Монблан, Врвот на Комунизмот, Хималаите, Аконкагва, Килиманџаро…

Дефинитивно, ПСК „Пелистер“ не е само клуб – тој е жива историја и вечна инспирација за сите кои сонуваат за височините.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг