Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Граѓански организации бараат итно донесување закон за повторно прогласување на Маврово за национален парк

by Уредник
05.06.2025
in Uncategorized
Граѓански организации бараат итно донесување закон за повторно прогласување на Маврово за национален парк

Повеќе од 15 граѓански организации и еколошки иницијативи поднесоа формална претставка до Владата со барање за итно донесување на закон за повторно прогласување на Националниот парк „Маврово“, со цел обезбедување соодветна заштита и управување согласно националното законодавство и меѓународните стандарди.

Организациите изразуваат сериозна загриженост поради, како што велат, децениската институционална стагнација во трансформацијата на паркот. Според нив, моменталниот правен вакум ја загрозува заштитата на ова значајно природно подрачје и ја ограничува можноста локалните заедници да развиваат одржливи економски активности.

„Постојат меѓународни донатори кои се подготвени да инвестираат во зачувување и функционирање на паркот, но нивната поддршка е условена со донесување и спроведување на План за управување“, предупредуваат од организацијата „Еко-свест“. Тие додаваат дека отсуството на планот го оневозможува долгорочното финансирање и го загрозува еден од најстарите национални паркови во Европа.

Во претставката се посочува дека досега не е донесен ниту Законот за репрогласување на паркот, ниту Планот за управување, а притоа се бележат бројни нерегуларности и нелегални активности на терен – кои, и покрај тоа, остануваат несанкционирани.

Организациите укажуваат и на алармантна зависност на јавната установа „Национален парк Маврово“ од комерцијална сеча, која, според нивните податоци, обезбедува околу 80% од приходите, при што се бележи и значителен пад на популацијата на заштитени животински видови.

Во поднесокот се повикуваат и на препораките на Комитетот на Бернската конвенција, кој повеќепати побара итно репрогласување на паркот. Игнорирањето на овие препораки, велат тие, претставува директно кршење на обврските што Македонија ги има преземено согласно меѓународното право.

Next Post
Директорот на Нвидиа во план да продаде акции во вредност од 550 милиони долари

Директорот на Нвидиа во план да продаде акции во вредност од 550 милиони долари

Трамп воодушевен од украинската операција “Пајажина”: Нападот го оцени како “моќен” и “кул”

Трамп воодушевен од украинската операција "Пајажина": Нападот го оцени како "моќен" и "кул"

Препорачани Вести

Кремљ открива детали: Како навистина разговараат Путин и Трамп

Кремљ открива детали: Како навистина разговараат Путин и Трамп

8 months ago

Се слави Успение на Пресвета Богородица: Денот кога Мајката Божја им дарува прошка на жените

5 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.