Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Маск му возврати на Трамп: Без мене ќе ги изгубеше изборите

by Уредник
05.06.2025
in Uncategorized

Отворениот конфликт помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и бизнисменот Илон Маск доби нова димензија откако Маск, преку објава на мрежата Х, директно го обвини Трамп дека се наоѓа во досието на Џефри Епштајн.

„Време е да ја фрлиме вистинската бомба: Доналд Трамп е во документите на Епштајн. Тоа е вистинската причина зошто не се објавени. Убав ден, DJT!“, напиша Маск, наговестувајќи дека објавата ќе добие потврда во иднина и дека „вистината ќе излезе на виделина“.

Оваа изјава доаѓа по серијата меѓусебни напади меѓу двајцата, кои до неодамна беа блиски соработници. Конфликтот започна откако Маск остро го критикуваше новиот „голем, убав закон“ за даноци и буџет на администрацијата на Трамп, нарекувајќи го „одвратна грдотија“. Трамп, пак, изјави дека е „многу разочаран“ и дека Маск „многу му должи“.

Маск возврати дека законот никогаш не му бил презентиран и дека бил изгласан „набрзина, сред ноќ, без можност Конгресот да го прочита“. Како реакција, Трамп му се закани со укинување на државните субвенции за неговите компании.

Преку оваа последна објава, Маск очигледно игра на карта што може да предизвика политички и правни потреси – алудирајќи дека постои обид за прикривање на евентуална вмешаност на Трамп во аферата со Епштајн. Дел од документите од оваа истрага досега се објавени, но не се потврдени наводи за незаконито однесување од страна на Трамп. Сепак, инсинуациите на Маск отворија нова и драматична фаза во нивниот јавен судир.

Next Post

Кинеските рестрикции предизвикаа паника: Автоиндустријата на работ на колапс

Кисела Вода со историска прослава: Ѓорѓиевски ги обедини сите полуматуранти на едно место

Препорачани Вести

Снимател на портал уапсен поради снимање на ќерките на Вјоса Османи

4 months ago

Утре две тетовски села ќе бидат без струја

1 month ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.