Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мечките и волците сè почесто влегуваат во села на Шара – Се поставуваат електрични огради како заштита

by Уредник
05.06.2025
in Uncategorized

Сè почесто дивите животни како мечки и волци навлегуваат во шарпланинските села, предизвикувајќи штети на имотите и предизвикувајќи загриженост кај локалното население. Во последниот период регистрирани се случаи на уништени пчеларници, напади врз добиток и влегување на диви ѕверови во фарми и домашни дворови.

Од Националниот парк Шар Планина посочуваат дека главни причини за оваа појава се климатските промени, но и дивите депонии кои стануваат извор на храна и „мамка“ за дивите животни да се спуштаат кон пониските населени места.

Како дел од мерките за превенција, во последните денови започна поставувањето на електрични огради околу дел од имотите во најпогодените подрачја, со цел да се спречи навлегување на мечки и волци во селата. Паралелно со тоа, организирани се и акции за расчистување на дивите депонии.

„Со овие превентивни активности не само што ги заштитуваме имотите на граѓаните, туку обезбедуваме и подобра заштита на дивите животни, чии популации не се на задоволително ниво“, велат од Националниот парк.

Шар Планина е дом на повеќе загрозени видови животни, меѓу кои и кафеавата мечка, волкот и дивокозата. На нејзината територија живеат околу 20.000 жители, кои сè почесто се соочуваат со предизвиците на соживот со дивата природа.

Видео/извор тв24

Next Post

Тајниот пат на балканското оружје: Од турски фабрики до европски улици

Овој човек наводно стои зад историскиот напад – Русите тргнаа во потера. Кој е тој?

Препорачани Вести

НОВ СКАНДАЛ ВО СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И ВО КРИВИЧНИОТ СУД Дилер фатен со 992 грама марихуана осуден на 1 година затвор, но целата казна си ја одлежал – дома!

12 months ago

Мицкоски од Минхен: Пристапот кон ЕУ стана подвижна мета, постојат двојни стандарди

11 months ago

Популарни Вести

  • Гостиварец измамен преку лажен пакет од Пошта – загуби речиси 90.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД и Словачка се здружуваат за модернизација на нуклеарната енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автомобилот е речиси целосно уништен: 22 годишно момче загина во стравична сообраќајна несреќа во БиХ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриено како Саит Саитов избегал од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Средбата со „Avilo“ отвора нови можности за локалниот бизнис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.