Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува силно невреме во Македонија!

by Уредник
05.06.2025
in Uncategorized
МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува силно невреме во Македонија!

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, денес и утре (четврток и петок 5 и 6 јуни) особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места кај нас ќе се формираат фронтални влажни бранови кои значително ќе ја дестабилизираат атмосферата.

Во ваква ситуација, на повеќе места кај нас ќе се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност. Поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни, што значи дека ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде и крупен.

И во делови од Скопскиот регион во погоре споменатиот период ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на невреме. Температурите остануваат без поголеми промени во однос на оние кои ги имаме деновиве, што значи дека ќе бидат навистина летни и високи и покрај тоа што атмосферата ќе биде многу нестабилна.

Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, однсоно, да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.

МетеоАларм – Славчо Попоски

Next Post

Ѓорѓиевски: Првата бесплатна полуматурска забава – празник на еднаквоста и заедништвото во Кисела Вода

Тетово со ноќна акција против комарци: Ѓраѓаните и пчеларите повикани на претпазливост

Препорачани Вести

Уапсен насилник на граничниот премин Блаце

5 months ago
seul

Најскапиот град на светот: Зошто богатството не значи среќа за жителите

1 month ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.