Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

“Мислев дека авионот ќе се распадне”: Авион на „Рајанер“ принудно слета во Германија, повредени девет патници

by Уредник
05.06.2025
in Uncategorized
“Мислев дека авионот ќе се распадне”: Авион на „Рајанер“ принудно слета во Германија, повредени девет патници

Авион на „Рајанер“ итно слета во Германија поради силна турбуленција – повредени девет патници

Авион на нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, кој летал од Берлин кон Милано, синоќа изврши итно слетување во Меминген, јужна Германија, поради силна турбуленција предизвикана од невреме. Девет патници се повредени, соопшти баварската полиција.

Според нивните информации, пилотот бил принуден да го пренасочи летот кон Меминген, град кој се наоѓа околу 113 километри западно од Минхен, поради опасни временски услови. Иако авионот безбедно слетал, турбуленцијата предизвикала повреди кај девет лица, на возраст од две до 59 години.

Една жена се здобила со повреда на главата, нејзиното две и полгодишно дете имало модринки, а 59-годишна патничка пријавила болки во грбот. Тројцата биле пренесени во болница, додека останатите патници со полесни повреди биле згрижени на лице место.

Поради неможност летот да продолжи од Меминген – бидејќи локалните воздухопловни власти не издале дозвола – авиокомпанијата организирала автобуски превоз за патниците до Милано.

Патниците опишале сцени на паника и страв за време на инцидентот.

„Никогаш не сум почувствувал таков страв. Во тој момент помислив дека авионот ќе се распадне!“, изјавил еден од патниците за германскиот „Билд“.

Според истиот извор, дел од патниците не биле врзани со безбедносен појас во моментот на турбуленцијата, а членови на екипажот не давале континуирани инструкции за време на кризата.

Next Post
Полицијата во Скопје вчера напиша 180 казни – еве за што најмногу се казнувало

Полицијата во Скопје вчера напиша 180 казни - еве за што најмногу се казнувало

Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција – ова се деталите

Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција - ова се деталите

Препорачани Вести

СКОПЈЕ: Дел од Драчево утре без електрична енергија

7 months ago
Ова се првите симптоми на мозочен удар: Симптоми кои можат да ви го спасат животот

Ова се првите симптоми на мозочен удар: Симптоми кои можат да ви го спасат животот

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.