Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

На Германија ќе ѝ требаат дополнителни 60.000 војници за исполнување на НАТО-обврските

by Уредник
05.06.2025
in Uncategorized
На Германија ќе ѝ требаат дополнителни 60.000 војници за исполнување на НАТО-обврските

Германија ќе треба да регрутира дополнителни 50.000 до 60.000 активни војници за да ги исполни новите безбедносни цели поставени од НАТО, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус во четвртокот, во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на Алијансата во Брисел.

Писториус нагласи дека претстојниот самит на НАТО треба јасно да ја дефинира Русија како најголема закана за Алијансата, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

На состанокот ќе присуствува и американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, кој изрази уверување дека земјите-членки на НАТО ќе се согласат со барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за значително зголемување на трошоците за одбрана. Според Хегсет, оваа одлука треба да се формализира најдоцна до самитот на Алијансата што ќе се одржи подоцна овој месец.

Претседателот Трамп побара од сојузниците во НАТО да го зголемат финансирањето за одбраната на најмалку 5 проценти од бруто-домашниот производ, што претставува значително повисока цел од актуелната обврска од 2 проценти.

„За да бидете сојуз, мора да сте повеќе од знамиња. Мора да имате вистински формации, вистински капацитети. Мора да сте повеќе од конференции“, изјави Хегсет по пристигнувањето во Брисел.

Next Post
Европа го затвора својот воздушен простор за две држави – нивните авиони повеќе не смеат да летаат над Европа

Европа го затвора својот воздушен простор за две држави - нивните авиони повеќе не смеат да летаат над Европа

Започна исплатата на социјалните, детските и цивилните надоместоци за мај 2025 година

Започна исплатата на социјалните, детските и цивилните надоместоци за мај 2025 година

Препорачани Вести

Мрачно предупредување: Кина се подготвува за напад?

Мрачно предупредување: Кина се подготвува за напад?

3 months ago

Тешка сообраќајка кај Рача, се судриле џип и мотор

11 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.