Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Според Бислимовски, нема очекувања за поскапување на струјата за домаќинствата

by Уредник
05.06.2025
in Uncategorized
Според Бислимовски, нема очекувања за поскапување на струјата за домаќинствата

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимовски, изјави дека не очекува промена на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

„Јас не очекувам дека ќе има промена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи“, рече Бислимовски во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Тој информира дека оваа година во јуни ќе се распише тендер за универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

„Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ кој, факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам, најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават-час“, рече Бислимовски.

Дополнително, тој појасни дека од пред година и половина, цените за пренос и дистрибуција ќе се определуваат во ноември и декември.

„А кога ќе ги определиме нив, ќе мора да ја определиме цената на универзалниот снабдувач имајќи предвид дека и тогаш ќе се распишува тендер“, додаде тој.

Бислимовски посочи и дека во последните години ЕСМ започнал да увезува јаглен, што влијае на производната цена на компанијата.

Next Post
“Мислев дека авионот ќе се распадне”: Авион на „Рајанер“ принудно слета во Германија, повредени девет патници

"Мислев дека авионот ќе се распадне": Авион на „Рајанер“ принудно слета во Германија, повредени девет патници

Полицијата во Скопје вчера напиша 180 казни – еве за што најмногу се казнувало

Полицијата во Скопје вчера напиша 180 казни - еве за што најмногу се казнувало

Препорачани Вести

Македонските лавови од Престон на дофат до титулата!

11 months ago

Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува  убиството на судијата Астрит Калаја

4 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.