Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Тошковски во Преспа се сретна со грчкиот колега Ливаниос: Проектот БорПрес2 е чекор напред кон воспоставување на граничниот премин Маркова нога – Лемос

by Уредник
05.06.2025
in Uncategorized
Тошковски во Преспа се сретна со грчкиот колега Ливаниос: Проектот БорПрес2 е чекор напред кон воспоставување на граничниот премин Маркова нога – Лемос

Денеска во Лемос, Општина Преспа – Грција, во присуство на министрите за внатрешни работи на Македонија и Грција, Панче Тошковски и Теодорот Ливаниос, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас, претставници на локалните самоуправи, се одржа настанот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу Грција и Република Северна Македонија на областа Преспанско Езеро“. Со тоа се означи започнување на БорПрес2 фазата на проектот кој на крај има за цел да воспостави нов граничен премин помеѓу Маркова Нога (Македонија) и Лемос (Грција) што ќе го намали времето на патување помеѓу Лемос и Ресен од повеќе од два часа на само 40 минути.

Во проектот вреден над 7.7 милиони евра, 80% финансиран преку ИПА 3 програмата на Европската Унија се планирани реновирање на постојната полициска станица од македонска страна, изградба на нова зграда за царинска и полициска контрола на страна на Грција и развој на прекуграничната пешачка патека помеѓу селата Брајчино и Агиос Германос со цел промоција на еко-туризмот.

Партнери во проектот се министерствата за внатрешни работи на Македонија и Грција, регионот Западна Македонија во Грција и општините Ресен и Преспа.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето обраќање на настанот на кој беше презентиран целиот проект истакна дека ова не е само почеток на инфраструктурен проект, туку реализација на заедничка визија – визија вкоренета во регионалната соработка, европската интеграција и трајното партнерство меѓу нашите две држави.

„Денес го одбележуваме почетокот на проектот БорПрес2 и се поставуваат темелите за идното отворање на граничниот премин Маркова Нога / Лемос.Со текот на годините, односот меѓу нашите земји стана посилен – врз основа на меѓусебно почитување, практична соработка и продлабочено чувство за заедничка судбина. Овој нов граничен премин е моќен израз на тој однос. Тоа е конкретна демонстрација на политичка волја, техничка способност и нашето заедничко разбирање дека во денешна Европа, границите треба да поврзуваат, а не да разделуваат.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски образложи дека овој напредок не би бил можен без непоколебливата поддршка од Европската Унија преку инструментот за пристапна помош – ИПА и Програмата за прекуграничната соработка кои го овозможија потребното финансирање, техничка експертиза и можноста да црпиме сила од колективната европска цел во која поврзаноста, соработка и интеграцијата се витални столбови на мирот и просперитетот.

„Силата на Европа лежи во нејзиното единство и во мостовите што ги градиме преку границите – а не во ѕидовите што ги подигаме меѓу нас. Преку проектот БорПрес2, ја претвораме таа цел во практично, мерливо влијание. Овој проект е доказ дека европската интеграција не е далечна аспирација – тоа е жив процес, вкоренет во опипливи резултати: подобри патишта, безбедни граници и подобрен квалитет на живот за граѓаните на кои им служиме.“, финално потенцираше министерот Тошковски.

Проектот започна на 14 февруари 2025 година и е планирано да трае 36 месеци, со завршување на 13 февруари 2028 година.

Министерот Тошковски оствари и билатерална средба со министерот Теодорот Ливаниос на која се разговараше за меѓусебната соработка, можно решение за побрз проток на патници и стоки на граничниот премин Богородица – Евзони. Министрите изразија посветеност на понатамошното градење мостови на соработка кои ќе ги поврзуваат луѓето, нациите и економската и културна соработка.

Next Post
Европската централна банка ја намали каматната стапка на 2% – инфлацијата во еврозоната падна под целната граница

Европската централна банка ја намали каматната стапка на 2% – инфлацијата во еврозоната падна под целната граница

ВИДЕО: Необично однесување кај мајмуните Капучини: Киднапираат бебиња

Препорачани Вести

Омерагиќ и Пандев со голем гест: Купија 400 билети за хуманитарни цели

10 months ago
Последиците можат да бидат сериозни: Една навидум вообичаена родителска навика влијае лошо на децата

Последиците можат да бидат сериозни: Една навидум вообичаена родителска навика влијае лошо на децата

9 months ago

Популарни Вести

  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО: Мицкоски на Тетовското Кале по повод Св. Атанасиј

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се шири измама со „непреземени пакети“ од Тему во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија во Индонезија: Бројот на жртви од свлечиштето достигна 49

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.