Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци по смртта на тригодишното дете

by
2025/06/05 09:44:44
in Uncategorized
Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци по смртта на тригодишното дете

По трагичната смрт на тригодишно дете кое било хоспитализирано во Општата болница со проширена дејност во Кавадарци, денеска во установата се спроведува вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Воедно, болницата информира дека е формирана и внатрешна комисија која ќе ги испитува сите околности поврзани со случајот.

Од болницата соопштија дека со „огромна тага и жал“ ја информираат јавноста за смртта на детето, кое било прегледано во установата, а починало на пат кон Скопје, каде било пренесувано за понатамошна здравствена грижа.

„Изразуваме искрено сочувство до семејството. Согласно со законската процедура, известен е надлежен јавен обвинител и издадена е наредба за обдукција со цел утврдување на причината за смртта. Како здравствена установа, стоиме на целосно располагање на сите надлежни институции во постапката за расветлување на случајот“, се наведува во соопштението потпишано од в.д. директорката, спец. д-р Гордана Камчева.

Болницата информира и дека внатрешната комисија ќе изготви посебен извештај врз основа на увидот и преземените дејствија, по што јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.

„Ја уверуваме јавноста дека безбедноста и здравјето на пациентите, како и транспарентноста во нашето работење, се наш врвен приоритет“, стои во заклучокот на соопштението.

Случајот предизвика силни реакции од родителите на починатото дете, кои бараат истрага за можни лекарски пропусти.

Next Post
Захарова испрати остра порака до Србија, откако се дозна дека ја снабдува Украина со оружје

Захарова испрати остра порака до Србија, откако се дозна дека ја снабдува Украина со оружје

Меџити: Животната средина мора да стане основа на националниот развој

Препорачани Вести

Полска ги подигна борбените авиони откако Русија изврши масовен напад во Украина

Полска ги подигна борбените авиони откако Русија изврши масовен напад во Украина

7 months ago

Писториус го разоткри Трамп: Неговиот план за Украина значи предавање без борба!

8 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.