Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Захарова испрати остра порака до Србија, откако се дозна дека ја снабдува Украина со оружје

by Уредник
05.06.2025
in Uncategorized
Захарова испрати остра порака до Србија, откако се дозна дека ја снабдува Украина со оружје

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва внимателно ги следи изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, по обелоденувањето на наводни податоци од Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) дека оружје од српско производство завршува во Украина, и покрај официјалната политика на неутралност.

„И покрај ‘неутралноста’ што ја декларираат српските власти, српски воени компании продолжуваат да снабдуваат муниција за Украина. За тоа се користи шема со лажни сертификати за крајни корисници и посреднички земји – најчесто членки на НАТО како Чешка, Полска и Бугарија“, наведоа претходно руските разузнавачки служби.

Српскиот претседател Вучиќ, реагирајќи на обвинувањата, изјави дека веќе разговарал на таа тема со рускиот претседател Владимир Путин и дека е формирана комисија за проверка на наводите, особено во однос на злоупотреба на сертификатите за крајни корисници.

„Ги забележавме јавно изразените уверувања на шефот на српската држава дека ќе биде извршена ревизија на воено-техничката соработка на Белград со странски партнери, со цел навремено да се идентификуваат и прекинат сомнителни извозни трансакции. Очекуваме дека со овие мерки ќе се спречи испорака на оружје на несоодветни дестинации,“ изјави Захарова.

Таа додаде дека Русија е уверена во свесноста на Србија за, како што рече, „ризиците од паѓањето на оружјето од српската воена индустрија во рацете на киевскиот режим“, изразувајќи надеж дека Белград ќе преземе ефективни чекори за да не се нарушат традиционално блиските односи меѓу двете земји.

Next Post

Меџити: Животната средина мора да стане основа на националниот развој

Општина Битола: Целосно затворање на ул. „Стрежевска“ од 9 до 19 јуни поради градежни зафати

Препорачани Вести

Маск се соочува со можеби најголемите проблеми досега – “Не прекинува, вреѓа се пред себе”

Маск се соочува со можеби најголемите проблеми досега – “Не прекинува, вреѓа се пред себе”

7 months ago

20 години Македонско културно лето во Пустец: Прослава на традицијата, јазикот и културната припадност

7 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.