Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

АД ЕСМ повторно со најповолна понуда за ЕВН Хоме – струјата ќе се купува по 62 евра за мегаватчас

by Уредник
07.06.2025
in Uncategorized

ЕВН Хоме, како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за втората половина од 2025 година доби најповолна понуда од АД ЕСМ. Државната електроенергетска компанија понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас, што е идентична со цената постигната на претходниот тендер за периодот јануари–јуни 2025 година.

Со оваа понуда, АД ЕСМ ќе ги покрие 100% од планираните количини на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, кои се снабдуваат преку ЕВН Хоме. Целиот процес се одвива под надзор на Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со законските обврски и веќе воспоставената методологија.

Во наредниот период, ЕВН Хоме ќе ја пресмета новата крајна цена на струјата за корисниците, земајќи ги предвид сите влезни параметри. Во таа цена, покрај цената по која се набавува електричната енергија од АД ЕСМ, се вклучуваат и трошоците за пренос преку МЕПСО, пазарниот оператор МЕМО и дистрибутивниот оператор Електродистрибуција.

И покрај глобалните флуктуации на енергетските пазари, цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме останува стабилна веќе една година.

Next Post

Новини на сметките за струја: Корисниците ќе знаат дали броилото е читано

Кина и Франција постигнаа договор за решавање на економските прашања преку дијалог

Препорачани Вести

МУ ИЗВАДИЛЕ ПИШТОЛ КОГА ПРОБАЛ ДА ИЗБЕГА ОД ВОЗИЛОТО Mалолетник од Тетово насилно бил внесен во „бмв Х5“

9 months ago

Civilmedia: Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

3 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.