Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мајката на Артан Груби со емотивна порака за роденденот на синот кој е во бегство: „Горда сум, вистината ќе победи!“

by Уредник
07.06.2025
in Uncategorized

Зухра Груби, мајката на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој со месеци е во бегство и се наоѓа на меѓународна потерница, денес се огласи на неговиот роденден со јавно обраќање на Фејсбук. Таа сподели емотивна честитка, полна со гордост и поддршка за својот син, наведувајќи дека неговото отсуство денес е „позабележително од присуството на сите други заедно“.

„Се зборува за твоите дела затоа што ги прават сите горди и ги потсетуваат на годините кога Албанците се чувствуваа претставени и господари во својата земја“, напиша таа, притоа упатувајќи критика кон, како што вели, оние што не успеале да направат што и тој и сега се обидуваат да го уништат неговото наследство.

Зухра Груби го нарече неговото гонење „политичка одмазда и прогон, како во времето на комунизмот“ и изрази надеж дека „вистината ќе победи по Божја волја“.

Артан Груби се наоѓа во бегство од декември 2024 година, кога, според официјалните информации, ја напуштил земјата под изговор на „приватна посета“. Подоцна, по отворањето истрага за малверзации поврзани со работењето на АД Државна лотарија, Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница. Иако Обвинителството сè уште официјално не соопштило каде се наоѓа Груби, неофицијално се верува дека тој се крие во Албанија, под заштита на бизнисмен близок до политички кругови.

Ова е првпат Артан Груби или некој од неговото потесно семејство да се огласи јавно по неговото исчезнување.

Next Post

Коњановски: Спомените од гимназијата се темел на вредностите што денес ги носиме

iOS 18 забрзано се шири: Инсталиран на 88% од новите iPhone-и

Препорачани Вести

Јахоски се спаси од ќелија, доби куќен притвор

10 months ago

Тројца мотоциклисти заглавија на Осогово – спасени со помош на дрон

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.