Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

National Geographic ја прогласи Македонија за скриен бисер на Балканот: Храна, природа и автентичност без масовен туризам

by Уредник
07.06.2025
in Uncategorized

Во најновата туристичка анализа посветена на балканскиот регион, престижниот светски магазин National Geographic ја истакнува Северна Македонија како една од највредните, но недоволно откриени дестинации во Европа. Според магазинот, земјата нуди извонредна комбинација од вкусна храна, зачувана природа и богато културно наследство – сето тоа далеку од хаосот на масовниот туризам.

„И покрај забележителните планини, езера и историски знаменитости, Северна Македонија е пријатно ненаметлива и во голема мера не е погодена од масовниот туризам,“ се наведува во текстот, каде што Охрид посебно се издвојува како еден од највпечатливите градови. Старите цркви, прошетките покрај езерото и бродските тури се само дел од автентичната понуда која го воодушевува секој посетител.

Меѓу најголемите откритија за странските патници, списанието ги истакнува руралните региони и националните паркови Маврово и Пелистер, каде што патувањето станува доживување – со спонтани застанувања кај селски таверни и тезги со домашни производи.

Особено внимание му е посветено на гастрономскиот идентитет на Македонија. Кујната е опишана како „разновидна и послободна во користење зачини“ од соседните балкански земји. National Geographic го наведува ајварот како типичен локален специјалитет, а тавче гравче го именува како „веганско национално јадење“.

Покрај традиционалната храна, туристите се охрабруваат да пробаат планински билки, локален мед, тврди сирења и домашни вина од автохтони сорти како Смедеревка, Вранец и Темјаника. Мастиката, како ликер со специфичен вкус, исто така се најде на листата на препораки.

„Сè уште постојат места во Европа каде што можете да ја доживеете вистинската дивина,“ порачуваат од National Geographic, охрабрувајќи ги своите читатели да го заменат пренатрупаниот туристички комфор со автентичноста и мирот на македонското внатрешно.

Next Post
Метеоролозите предупредуваат: Не очекува едно од најекстремните лета, ова се деталите

Институтот за јавно здравје со предупредување: Високите температури сериозна закана за здравјето – следете ги препораките

Сања Божиновска: Да се биде жена во „машка„ професија не значи да се менуваш себеси туку стереотипите!

Препорачани Вести

Мицкоски: Херојството на Јован Костадинов е инспирација за целата нација

10 months ago

ЛАДНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе започне и снегот, особено во западните и во југозападните предели!

12 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.