Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Погодена рафинерија во Русија по напад со дронови, се издига густ, црн чад

by Уредник
07.06.2025
in Uncategorized

Во рускиот град Енгелс, во Саратовската област, избувнал пожар во нафтена рафинерија по напад со дронови, потврдија руските власти и медиуми. Според украински извори, цел на нападот била фабриката „Кристал“, рафинерија која снабдува со гориво воениот аеродром Енгелс-2.

На социјалните мрежи беа објавени снимки од местото на настанот на кои се гледа масивен пожар и густ, црн чад. Поради ризик од нови напади, аеродромот во Саратов воведе ограничувања во работата, соопшти руската Федерална агенција за воздушен сообраќај.

Гувернерот на Саратовската област, Роман Бусаргин, потврди дека пожарот избувнал во „индустриско претпријатие“ и дека итните служби се на терен. Тој додаде дека е причинета штета и на една станбена зграда, но засега нема информации за жртви.

Нападот е дел од серија украински удари врз воени цели длабоко на руска територија. Само неколку дена претходно, украинската служба за безбедност (СБУ) ја спроведе операцијата „Пајакова мрежа“, масовен напад со дронови врз четири руски воени аеродроми, при што беа оштетени неколку стратешки бомбардери од типот А-50, Ту-95 и Ту-22 М3. Според проценките, штетата изнесува околу седум милијарди долари.

Покрај тоа, во последните денови беа извршени напади и врз Кримскиот мост, воена база во Владивосток и ракетна база во Брјанската област. Аеродромот Енгелс-2, од каде редовно полетуваат руските стратешки бомбардери што учествуваат во нападите врз Украина, е меѓу честите цели на украинските воздушни удари од почетокот на инвазијата.

ВИДЕО

Next Post

АД ЕСМ повторно со најповолна понуда за ЕВН Хоме – струјата ќе се купува по 62 евра за мегаватчас

Новини на сметките за струја: Корисниците ќе знаат дали броилото е читано

Препорачани Вести

ВИДЕО: Храбри соседи ги спасија децата од запалена зграда

2 months ago
Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

3 months ago

Популарни Вести

  • Грчката служба за национална безбедност истражува масовна купопродажба на имоти од Бугари и Турци во Северна Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коалицијата „Менуваме“ најави предлог-закон за создавање национален регистар на деца и млади со попреченост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка несреќа во Турција: 8 загинати и 26 повредени откако автобус излета од патот и се преврте

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонското друштво “Илинден“-Тирана апелира за итна интервенција на патот што ја поврзува Албанија со Македонија на граничниот премин Требиште-Џепиште, во областа Голо Брдо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради одрон загрозено движењето на единствениот пат за Македонците во Голо Брдо – Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.