Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Маркетинг фијаско на Кока-Кола во Македонија: Името „Наталија“ стана „Намалија“

by Уредник
08.06.2025
in Uncategorized
Маркетинг фијаско на Кока-Кола во Македонија: Името „Наталија“ стана „Намалија“

Македонската подружница на глобалниот бренд Кока-Кола се соочува со лавина критики поради промотивна кампања во која, според реакциите на социјалните мрежи, беше навреденo еднo од најзастапените женски имиња во земјата – Наталија.

Причина за револтот е погрешно напишаното име „Наталија“ на етикета од шише од 0,5 литри, каде ракописната кирилична буква „Т“ е заменета со графема што наликува на „М“. Така, наместо Наталија, на етикетата пишува „Намалија“, што предизвика низа реакции на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).

„Вчера сестра ми ми го купила. Името ми го утнале со неправилна буква Т. Еве вака се ‘чува’ јазикот“, напиша корисничка по име Наталија, чиј твит досега доби илјадници прегледи и реакции.

Грешката, која многумина ја толкуваат како непознавање на македонската азбука, ги отвори прашањата за професионалноста и лекторската проверка во маркетинг-кампањите на странските компании кои оперираат во земјава. Дел од корисниците посочуваат дека е веројатно ангажирана агенција или тим што не го владее македонскиот јазик, или пак не ја почитува доволно неговата стандардна форма.

Некои отидоа чекор подалеку, поврзувајќи ја лигатурата со соседна држава и алудирајќи на можна политичка позадина во изборот на графемата.

Иако станува збор за, на прв поглед, ситен пропуст во дизајнот, дебатата на Х привлече внимание од речиси 9.000 корисници, а сè повеќе граѓани ги споделуваат своите искуства со слични јазични пропусти на производи од странски компании.

Од Кока-Кола Македонија засега нема официјална реакција по повод случувањето.

Next Post
Изјавата на новиот претседател на Полска е ново разочарување за Украина

Изјавата на новиот претседател на Полска е ново разочарување за Украина

Полицијата приведе возач во Штип, управувал возило со 1,56 промили алкохол во крвта

Полицијата приведе возач во Штип, управувал возило со 1,56 промили алкохол во крвта

Препорачани Вести

Законот за прекршоци клучен за почетокот на „Сејф Сити“

2 weeks ago

Мариeн Илич, една од седумте најбогати жени во светот: Горда сум што сум Македонка

4 months ago

Популарни Вести

  • kucinja

    Скопје ќе ги добие првите гробишта за миленици: Институциите најавуваат решавање на децениски проблем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Армијата и полицијата на Венецуела се заколнаа на апсолутна лојалност на Делси Родригез

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Плата за невидливи работници – поранешен градоначалник под истрага за милионска измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шар Планина под висок ризик од лавини: Стручни екипи апелираат на претпазливост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.