Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Битола прославува втор ден титула, повторно “гореше“ Битола (фотогалерија)

by Уредник
09.06.2025
in Uncategorized
Битола прославува втор ден титула, повторно “гореше“ Битола (фотогалерија)

Битола вечерва ја продолжи прославата на третата по ред титула, а како беше најавено тоа се случи на платото пред Офицерски ви Битола. Голем број битолчани заедно со ракометарите и раководството на Еурофарм Пелистер ја одбележаа прославата на деветтата титула во Суперлигата.

Ден по натпреварот против Вардар и освоениот пехар среде Скопје, градот на ракометот, Битола, беше во знак на зелено-белата боја, а голем број на напу сограѓани, посебно се откажаа од градската облека и се излегоа во зелено-бели дресови. Само што падна мрак во Битола, ракометарите се покажаа на терасата на Офицерски каде за прв пат излегува еден спортски колектив, а веднаш потоа Битола повторно “гореше“.

Навивачката група “Чкембари“ и голем број симпатизери собрани пред Офицерскиот направија баклијада за паметење. А сето тоа беше проследена со модерната химна на Битола “Ако одам во Битола“ изведена од Димитар Андоновски.Водителот на програмата Никола Пројчевски ги повика ракометарите “виновниците“ за овие прославувања, да дојдат на бината, каде дојде со еуфорија, кога капитенот Филип Кузмановски и голманот Никола Митревски го донесоа двата големи пехари.Прв на битолчани им се обрати претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев, кој се заблагодари на ракометарите, Општина Битола, на спонзорите, на публиката и сите кои на било кој начин допринесоа титулата по трет пат да биде во Битола.

Стерјев додаде и дека Битола повторно ќе биде центар на Лигата на Шампони, а оваа година клубот има поголеми амбиции во ова елитно европско натпреварување.Градоначаникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитки за победата и титулата, а таа е има поголема важност бидејќи е освоена во Скопје во директна борба со конкурентот.Капитенот Филип Кузмановски одново зеде збор, се заблагодари за поддршката и на крајот повторно запеа песна, но овојпат без никакви навредливи елементи. Битолчани со овации и голем аплауз го поздравија и тренерот Раул Алонсо.

Шпанецот своето обраќање го започна со изразување благодарност на македонски јазик, а тоа беше одлично прифатено од публиката, а потоа рече дека треба да им се честита за “овие момци“ кои одлично одиграа и заслужено се тука пред битолчани.Ракометарите се свртија кон “Чкембарите“ и заедно испеаја неколку навивачки групи, сето тоа проследено со удари и ритам во тапани.

Славјето продолжи и вечерва низ Широк Сокак и низ кафулината во Битола, а битолчани сигурно и идните денови ќе уживаат во титулата и Битола ќе биде залено-бела боја.Програмата ја отвори енергичниот настап на музичката група „Brass Brothers“ од Битола.

Сашо Ристевски

Фото: Дамијана Ристевска

Извор: BitolaNews.mk

Next Post

„Извор“ – 20 години чување на традицијата, вечерва на сцената во Тетово

Кузмановски се извини по инцидентот на прославата: Несвесен за зборовите, направив грешка!

Кузмановски се извини по инцидентот на прославата: Несвесен за зборовите, направив грешка!

Препорачани Вести

Трамп го покани папата Лав XIV во посета на Белата куќа

Трамп го покани папата Лав XIV во посета на Белата куќа

8 months ago

Најголемата приватна пошта ЕЛС со нова веб-страницашто ги содржи сите безбедносни компоненти

11 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.