Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Британски фотограф за време на протест во Лос Анџелес погоден со полицајски проектил: „Имам длабока рана, поминав низ операција“

by Уредник
09.06.2025
in Uncategorized

Искусниот британски фотожурналист Ник Стерн (Nick Stern) бил погоден со проектили од полицијата додека известувал од протест во Лос Анџелес, при што претрпел тешка повреда на ногата. За BBC од болнички кревет раскажа дека бил погоден со т.н. „несмртоносен“ куршум со должина од 7,5 сантиметри, кој продрел низ кожата и оставил рана со дијаметар од 5 сантиметри.

„Овој пат беше поинаку. Имам длабока рана. Тоа не беше само модринка. Куршумот навистина ми ја проби кожата“, вели Стерн, кој бил подложен на операција и сега му претстои долготрајна физикална терапија.

Стерн, кој има повеќе од 30 години искуство, потенцира дека секогаш носи новинарска идентификација и не се крие додека работи. „Во моментот кога бев погоден, стоев насред улица, не зад автомобил или зграда. Се обидувам секогаш да бидам јасно видлив“, додава тој.

Не е јасно дали Стерн бил намерно цел на полицијата. „Можеби целеле во некој близу мене, не знам. Не можам да кажам“, изјави тој.

Од шерифовата канцеларија на округот Лос Анџелес велат дека не можат да дадат изјава без официјална жалба, но додаваат дека се посветени на безбедноста на новинарите и граѓаните.

Полицијата во Лос Анџелес користи таканаречено „помалку смртоносно“ оружје за растерување на толпата, меѓу кои се гумени куршуми, проектили од пена (спужвасти гранати) и солзавец. Иако се сметаат за несмртоносни, овие средства можат да предизвикаат сериозни телесни повреди, па дури и фатални последици.

Next Post

Голема победа во Астана: Македонија со голот на Трајковски чекор поблиску до Светското првенство

Азир Алиу нов министер за здравство, Албрим Хоџа назначен за заменик министер за земјоделство

Препорачани Вести

ВИДЕО: Полицијата синоќа уапси малолетник во Аеродром, погледнете што пронашле кај него

ВИДЕО: Полицијата синоќа уапси малолетник во Аеродром, погледнете што пронашле кај него

11 months ago

Герасимовски: Бесплатни стоматолошки прегледи, домашна нега и итна помош 24/7 за пензионерите

11 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.