Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Добијте до 10.000 евра за започнување на сопствен бизнис: Отворен повик за грантови

by Уредник
09.06.2025
in Uncategorized
Добијте до 10.000 евра за започнување на сопствен бизнис: Отворен повик за грантови

Отворен повик за грантови од 7.000 до 10.000 евра за невработени лица што сакаат да започнат сопствен бизнис

Министерството за економија го објави новиот повик во рамки на Оперативниот план за активни мерки за вработување за 2025 година, со кој се овозможува финансиска поддршка за невработени граѓани што сакаат да започнат сопствен бизнис.

Преку повикот се нудат две мерки:

За лица постари од 29 години се доделува грант во висина од 430.500 денари (околу 7.000 евра), а за лица со попреченост дополнително се предвидени до 250.000 денари;

За млади до 29 години се нуди финансиска поддршка до 615.000 денари (околу 10.000 евра) за основање сопствен бизнис.

Како што истакна министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната прес-конференција во Владата, право на аплицирање имаат сите невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, вклучително и рурални жени, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, жртви на семејно насилство, повратници од странство и граѓани кои сакаат да ја формализираат својата неформална дејност.

Покрај финансиската поддршка, мерките вклучуваат и обука за претприемништво, изработка на бизнис-план и шестмесечно менторство.

„Целта ни е јасна – да поддржиме што повеќе граѓани кои сакаат да изградат нешто свое на одржлив и легален начин. Ова не е само финансиска помош, туку инвестиција во човечкиот потенцијал и во економскиот развој на државата. Ова не е само ветување, туку создавање реални можности за вработување и напредок“, рече министерот Дурмиши.

Од мерката се исклучени одредени дејности како што се дел од земјоделските активности, такси превозот, игрите на среќа, осигурителните дејности и посредувањето при вработување. Сепак, за руралните жени и лицата со попреченост се предвидени определени исклучоци согласно важечката регулатива.

Next Post
[ВИДЕО] Хаос во Лос Анџелес: Трамп испрати Национална гарда, стотици уапсени, летаат гумени куршуми, улиците во пламен

[ВИДЕО] Хаос во Лос Анџелес: Трамп испрати Национална гарда, стотици уапсени, летаат гумени куршуми, улиците во пламен

Израел го пресретна бродот што носеше помош за Газа: Меѓу уапсените Грета Тунберг и француска европратеничка

Израел го пресретна бродот што носеше помош за Газа: Меѓу уапсените Грета Тунберг и француска европратеничка

Препорачани Вести

Зеленски откри колку војници губи Русија на дневно ниво – бројката го шокираше светот

Зеленски откри колку војници губи Русија на дневно ниво – бројката го шокираше светот

5 months ago
Зеленски и Украина добија одлични вести: Ова им дава предност во војната со Русија

Зеленски и Украина добија одлични вести: Ова им дава предност во војната со Русија

9 months ago

Популарни Вести

  • Божиновска за Бизнис Вести: Годинава ја поставивме основата за зелена енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода возачи во Валандово, Гевгелија и велешко затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во велешко излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканска земја испраќа војници на Гренланд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Тетово уапсен криминалец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.