Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Го изненади светот: Маск се огласи за првпат по расправијата со Трамп

by Уредник
09.06.2025
in Uncategorized
Го изненади светот: Маск се огласи за првпат по расправијата со Трамп

Маск застана зад Трамп: Го поддржа повикот до гувернерот на Калифорнија да се извини

Американскиот претприемач Илон Маск по првпат изрази солидарност со американскиот претседател Доналд Трамп по нивниот неодамнешен јавен конфликт, отворено поддржувајќи го неговиот повик до гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, да се извини на граѓаните.

Американскиот претседател на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) јавно ги повика гувернерот на Калифорнија и градоначалникот на Лос Анџелес да им се извинат на жителите поради, како што наведе, низа пропусти, меѓу кои и актуелните протести.

Маск на својата официјална страница објави слика од екранот со таа објава, но без никаков коментар. Неколку минути претходно, повторно сподели уште една порака од Трамп, во која американскиот претседател наведува дека наредил на надлежните безбедносни служби да воспостават ред и закон во Лос Анџелес. Маск ја објави пораката заедно со слика на две американски знамиња.

И покрај оваа поддршка, Маск неодамна го критикуваше Трамп, забележувајќи дека „никој не ѝ штети на неговата репутација повеќе од него самиот“. Конфликтот меѓу двајцата се продлабочи минатата недела кога Маск остро се спротивстави на предложениот закон на Трамп за масовно намалување на федералната потрошувачка, нарекувајќи го „гнасен и одвратен“. Претприемачот повика законот да биде повлечен.

Како реакција, Трамп изрази разочараност од Маск, тврдејќи дека направил многу за него. Маск, пак, возврати дека токму неговата поддршка му помогнала на Трамп да стане претседател и дека благодарение на тоа републиканците добиле контрола врз двата дома на Конгресот.

Немирите во Лос Анџелес започнаа минатата недела по рација на американската имиграциона и царинска служба насочена кон пронаоѓање на нелегални имигранти. Американската армија почна да распоредува единици од Националната гарда, а министерот за одбрана Пит Хегсет не ја исклучи можноста за испраќање на маринци во Калифорнија.

Гувернерот Њусом, пак, повика да се откажат плановите за дополнително воено присуство.

Next Post
Голема среќа на хоризонтот: Овие три хороскопски знаци ќе блеснат до 2027 година

Голема среќа на хоризонтот: Овие три хороскопски знаци ќе блеснат до 2027 година

Ѓорѓиевски: Црквите и манастирите се извор на сила за народот

Препорачани Вести

Масовна рација во фабриката на „Хјундаи“ во САД: Уапсени речиси 500 работници, најмногу Корeјци

5 months ago

Имамоглу од затвор: Нека се плашат, ние сме иднината на Турција

10 months ago

Популарни Вести

  • Објавените досиеја за Џефри Епштајн откриваат нови детали за неговата елитна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската Народна Партија во Загреб ја отвори дебатата за евентуален европски нуклеарен штит

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силна капитална основа, послаб профит: како помина 2025 година за АЛТА банка Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.