Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Извор“ – 20 години чување на традицијата, вечерва на сцената во Тетово

by Уредник
09.06.2025
in Uncategorized

По две децении вредна посветеност и љубов кон народната традиција, Културното уметничко друштво „Извор“ – Јегуновце вечерва во 19:30 часот во Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ во Тетово ќе го одржи својот јубилеен концерт по повод дваесет години постоење. На сцената ќе настапат различни секции на „Извор“, заедно со фолклорниот ансамбл КУД „Брвеница“ од Брвеница како специјални гости. Покрај играорниот дел, гостите ќе уживаат и во изведба на народни македонски песни, како и селски „гласоечки“ изведби.

„Извор“ – Јегуновце е формирано во 2005 година, од љубители на фолклорот во општина Јегуновце и поранешни членови на КУД „Југохром“.Уметнички раководител уште од основањето е Јовица Блажевски – истакнат кореограф и раководител на играорниот кор на „Танец“, додека претседател последните години е Ненад Блажески.

Во текот на две децении „Извор“ ја негува и промовира локалната и богатата македонска фолклорна традиција. Во својот репертоар друштвото досега има реализирано преку илјада члена, а ги изведува кореографски постановки од речиси сите региони на земјата. Биле учесници на многу домашни фестивали и концерти, како и многу меѓународни, меѓу кои се издвојува меѓународниот и светски афирмираниот фестивал „Гората“ во Закопане, Полска, каде „Извор“ ја освои „Сребрената секира – награда за трето место“.

Со овој концерт, „Извор“ ја слави својата 20-годишна посветеност кон фолклорот и ја зацврстува својата улога како чувар и промотор на македонското народно наследство. Вечерва, Тетово ќе биде домаќин на вистински празник на традицијата и заедништвото.

Next Post
Кузмановски се извини по инцидентот на прославата: Несвесен за зборовите, направив грешка!

Кузмановски се извини по инцидентот на прославата: Несвесен за зборовите, направив грешка!

Инженерите предупредуваат: Брзата пруга не смее да го загрози проектот „Вардарска долина“

Инженерите предупредуваат: Брзата пруга не смее да го загрози проектот „Вардарска долина“

Препорачани Вести

Голем пожар утринава во индустриска зона во Кавадарци

7 days ago

Шумски пожари ја пустошат ЕУ: Изгореа над милион хектари земјиште

5 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.