Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Коњановски со честитка до шампионите: Битола повторно на ракометниот врв

by Уредник
09.06.2025
in Uncategorized

Битола синоќа блесна во зелено-бели бои, прославувајќи ја третата последователна и вкупно деветта шампионска титула на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер. Платото пред Офицерскиот дом беше центарот на славјето, каде илјадници битолчани им оддадоа чест на своите херои.

Само еден ден откако ја освоија титулата во Скопје со победа над големиот ривал Вардар, ракометарите се вратија во својот град, каде беа пречекани со овации, песни и пиротехника. Атмосферата кулминираше кога играчите се појавија на терасата на Офицерскиот дом – првпат во историјата на Битола еден спортски тим да излезе токму на тоа место пред своите навивачи.

Навивачката група Чкембари приреди спектакуларна баклијада, а свечениот момент беше заокружен со изведбата на песната „Ако одам во Битола“ од Димитар Андоновски – химна која уште еднаш ја потврди нераскинливата врска меѓу градот и клубот.

Градоначалникот Тони Коњановски им честиташе на играчите и стручниот штаб за големиот успех, нагласувајќи дека оваа титула има посебна тежина бидејќи е извојувана во директен дуел со најголемиот противник, и тоа на негов терен.

„Битола уште еднаш докажа дека живее за спортот. Градот е горд на вас“, порача Коњановски.

Next Post
Нови сериозни проблеми за Путин: Украинците со нов напад во срцето на Русија – мета биле воени авиони

Нови сериозни проблеми за Путин: Украинците со нов напад во срцето на Русија - мета биле воени авиони

Експерт откри детали за момчето-убиец од Белград: “Сакал да стане психопат”

Експерт откри детали за момчето-убиец од Белград: "Сакал да стане психопат"

Препорачани Вести

Максимална казна за Шкендија – 12 меча надвор од Тетово!

10 months ago

Голема акција на АХВ: Илјадници килограми храна опасни за потрошувачите!

2 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.