Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Макрон повторно го критикуваше Израел, но не го заборави ниту Доналд Трамп

by Уредник
09.06.2025
in Uncategorized
Макрон повторно го критикуваше Израел, но не го заборави ниту Доналд Трамп

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика израелските власти итно да им дозволат враќање во Франција на шесте француски државјани кои се наоѓаат на бродот „Мадлин“ со хуманитарна помош.

Покрај тоа, францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, побара пристап на француските државјани до францускиот конзулат и истакна дека конзулатот ќе ги посети веднаш штом бродот пристигне во пристаништето Ашдод, јави телевизијата BFM.

Во соопштението на Баро се додава дека француската влада предупредила и се обидела да ги одврати учесниците во мисијата кои преку едрилица „Мадлин“ планираа да достават хуманитарна помош во Појасот Газа.

Од Министерството за надворешни работи на Израел соопштија дека израелските сили уапсиле активисти од бродот „Мадлин“, кои се упатиле да им ја достават помошта на Палестинците во Појасот Газа. Активистите, меѓу кои и Грета Тунберг, ќе бидат вратени дома, објави израелското МНР.

Дванаесет активисти за поддршка на Палестина изјавија дека патуваат кон Газа со цел да ја зголемат свеста и да достават помош. Коалицијата „Слободна флота“, организатор на патувањето на едрилицата, соопшти дека изгубила контакт со бродот откако израелската војска се качила на него.

Телевизијата Ал Џазира пренесе дека израелските војници им наредиле на уапсените активисти да ги фрлат мобилните телефони во море.

Макрон се осврна и на ситуацијата со Гренланд, пред најавената посета на ова стратешко островско подрачје.

„Гренланд не е предмет на окупација, ниту Антарктикот или длабокото море се за продажба“, рече Макрон во своето воведно обраќање на конференцијата на Обединетите нации за заштита на океаните, која се одржува во францускиот приморски град Ница. Ова беше индиректна критика кон американскиот претседател Доналд Трамп и неговите континуирани закани за анексија на островот, јави BFM.

Макрон во недела ќе го посети Гренланд, каде што ќе разговара со премиерот на оваа автономна територија во состав на Данска, Јенс-Фредерик Нилсен, и премиерката на Данска Мете Фредериксен. Теми на разговор ќе бидат безбедноста на северниот Атлантик и Арктикот, климатските промени, енергетиката и критичните минерали, соопшти Кабинетот на францускиот претседател.

Откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа, повеќепати изрази желба да го контролира Гренланд, кој е стратешки позициониран и богат со минерали.

Next Post
Тешко повреден малолетник: Скопјанец со автомобил удрил во бетонски ѕид и билборд

Тешко повреден малолетник: Скопјанец со автомобил удрил во бетонски ѕид и билборд

Лавров откри непознати детали: Како разговараат Путин и Трамп?

Лавров откри непознати детали: Како разговараат Путин и Трамп?

Препорачани Вести

Дете-пешак удредно зад „Скопјанка“ од 23-годишник со мопед – однесено е во болница, има повреди

Дете-пешак удредно зад „Скопјанка“ од 23-годишник со мопед – однесено е во болница, има повреди

11 months ago
24-годишна девојка од Велес, осомничена дека извршила серија кривични дела во само пет дена

Кривична за директорка: Ја злоупотребувала позицијата

11 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.