Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Нов осомничен за трагедијата во „Пулс“ – сопственикот на агенцијата за обезбедување под истрага за тешки дела против општата сигурност

by Уредник
09.06.2025
in Uncategorized
Нов осомничен за трагедијата во „Пулс“ – сопственикот на агенцијата за обезбедување под истрага за тешки дела против општата сигурност

Се проширува истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Обвинителството ја проширува истрагата за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Нова истрага е отворена против уште едно лице – реалниот сопственик на агенцијата за обезбедување која дејствувала во клубот без склучен договор и без примена на пропишаните безбедносни протоколи.

Како што соопшти Обвинителството, осомничениот го раководел работењето на агенцијата од Скопје. Таа, заедно со управителот и овластениот претставник од Кочани, обезбедувала ред и сигурност во дискотеката, иако немала правен основ за тоа. Во текот на 2025 година, обезбедувањето било вршено без извршена безбедносна проценка, без план за евакуација и без проценка на ризици од пожари – спротивно на Законот за приватно обезбедување.

Дополнително, според наодите на истрагата, осомничените дозволиле влез на малолетни лица и не спречиле внесување и употреба на пиротехнички средства од страна на музичкиот состав што настапувал таа вечер. Тие пропусти, како што се наведува, директно придонеле за настанување на пожарот и трагичниот исход.

По судска наредба, извршени се претреси на две локации во Скопје и Пробиштип, како и на возилото на осомничениот. При тоа се одземени документи и електронски уреди. Лицето е лишено од слобода, а Обвинителството денеска ќе поднесе барање за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд во Кочани.

Next Post
Приведен струмичкиот бизнисмен Крмзов, близок соработник на Заеви

Приведен струмичкиот бизнисмен Крмзов, близок соработник на Заеви

Приведен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ: Се проширува истрагата за трагедијата во Кочани

Приведен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ: Се проширува истрагата за трагедијата во Кочани

Препорачани Вести

Пешаци и возачи, внимателно: Новите возила што автоматски го снимаат секој прекршок

2 months ago

Нападнати полицајци во Скопје, приведени две лица

5 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.