Connect with us

Македонија

Приведен струмичкиот бизнисмен Крмзов, близок соработник на Заеви

Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов – осомничен за економски криминал поврзан со политички структури

Утрово, по налог на јавен обвинител, припадници на Бирото за јавна безбедност при МВР, во координација со Министерството за финансии – Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи, започнаа акција за откривање на широка економско-криминална шема во која се опфатени 15 правни и 23 физички лица.

Меѓу приведените е и познатиот струмички бизнисмен Ристо Крмзов, кој важи за долгогодишен близок соработник на поранешниот премиер Зоран Заев.

Според информации добиени од истрагата, станува збор за организирана криминална структура која, преку фиктивни прикажувања на добивки и симулирано плаќање даноци, успеала да наплати значителни износи од ДДВ поврат. За реализација на шемата се користеле фиктивни фирми, лажни трансакции и непостоечки физички лица од Косово и други земји, со што се прикривале криминалните активности.

Истрагата открива дека украдените средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни сметки, по што биле „испрани“ преку градежниот сектор – кој со години важи за канал за легализација на незаконски стекнат капитал.

Крмзов, според извори блиски до истрагата, бил заштитен од одредени политички и економски структури, и токму поради тие врски со години уживал финансиски бенефити. Името на Крмзов се поврзува со сомнителни приватизации на државен имот, нерегуларно издадени градежни дозволи, сомнителни банкарски кредити, трансфери на имот на блиски фирми и роднини, како и со капитал на поранешни функционери.

Истражителите го разгледуваат и случајот со префрлување на над 8 милиони евра од сега веќе пропаднатата Еуростандард банка на сметки во Турција, при што дел од средствата биле поврзани со компании под контрола на Крмзов. Овој случај беше јавно обелоденет уште во септември минатата година, со наводи дека постоеле обиди за прикривање на предмети во обвинителството.

Дополнително, во шемата биле вмешани и вработени во Царинската управа. За увезена стока за која царинската вредност реално изнесувала десеткратно повеќе, се плаќале симболични 1.500 евра царина по камион.

Во претходна акција на надлежните органи во просториите на фирмите поврзани со Крмзов беа пронајдени дијаманти, големи суми готовина, документација што укажува на даночни затајувања и нелегални финансиски трансакции.

По пропаѓањето на Еуростандард банка, нејзиниот сопственик Трифун Костовски јавно изјави дека загубата од над 60 милиони евра е резултат на договори меѓу делови од бизнис-кругот на тогашната владејачка гарнитура и менаџментот на банката.

Advertisement

Македонија

Снежна покривка до 10 см и поројни врнежи дожд во Македонија

Под влијание на влажни воздушни бранови, од утре навечер и во текот на 24 и 25 декември 2025 година, Македонија ќе биде погодена со повремени локални врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни и над 25 литри на квадратен метар за 24 часа.

На планинските предели врнежите ќе бидат од снег, со формирање на снежна покривка од 5 до 10 сантиметри. Со спуштањето на постуден воздух од север, снег ќе се појави и на повисоките места во низинските региони. Од петок се очекува стабилизирање на времето.

Во Скопје, утре навечер и во следните два дена се предвидуваат повремени врнежи од дожд, кои на моменти ќе бидат пообилни. Граѓаните се советуваат да бидат внимателни на патиштата и да ги следат официјалните предупредувања за времето.

Continue Reading

Македонија

Ахмети: Ако излезам на улица, нема враќање!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска на брифинг со новинарите испрати жестоки пораки до политичките опоненти, но и до „незадоволните“ во своите редови. Тој најави нови, ригорозни услови за влез во идна влада, вклучувајќи промена на начинот на избор на Влада и Уставни судии, а истовремено упати отворена закана доколку биде приморан да го активира „Планот Б“.

„Не сум претставник на мачки, туку на лавови“

Можеби најсината порака од брифингот беше неговото предупредување за тоа што би се случило доколку политичката ситуација не се развива според „Планот А“ (развој и напредок).

„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, дециден беше Ахмети.

Во свој стил, тој се осврна на своето минато, тврдејќи дека никој во Македонија не го познава национализмот подобро од него.

„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001“, рече лидерот на интегративците.

Нови услови: Бадентер во Уставен и двојно мнозинство за Влада

Ахмети постави нови „црвени линии“ за идните коалицирања. Тој бара нов „Национален договор за развој“, но со конкретни системски измени:

  1. Избор на Влада: Да се воведе принцип на „двојно мнозинство“ (Бадентер) при изборот на владин кабинет.
  2. Уставен суд: Бадентеровиот принцип да се применува и при одлучувањето во Уставниот суд.

Според него, ова ќе биде услов за учество во какво било идно управување со државата. Тој додаде дека Охридскиот договор е компромисен и не е совршен, оставајќи простор за негова надградба.

„Кој сака нека си оди“

Во однос на внатрепартиските турбуленции по 5-тиот Конгрес, Ахмети покажа ноншалантност. Тврди дека незадоволството е сведено на „две-три лица“ кои останале без функции.

„Оние кои си одат затоа што немаат функции, нека си одат“, порача Ахмети, додавајќи дека Абдил Селам Селами веќе се извинил и останува лојален на партијата.

За Села, Тачи и бизнисмените

Ахмети ги коментираше и односите во „Европскиот фронт“:

  • За Мендух Тачи: Има договор и тоа не му штети на Фронтот.
  • За Зијадин Села: Ахмети смета дека Села се обидува да изгради сопствениот идентитет бидејќи се чувствува во сенка на ДУИ, но не верува во шпекулациите дека Села ќе го поддржи Невзат Бејта за градоначалник на Гостивар.

Лидерот на ДУИ упати критики и кон стопанските комори, обвинувајќи ги дека „создаваат поделби и ги поддржуваат олигарсите“.

За напролет, ДУИ најави нов, тематски конгрес, на кој ќе се дефинира новата идеолошка матрица на партијата по консултациите со базата.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Македонија

Згасна позната телевизија во Македонија – престана да емитува програма

Македонскиот телевизиски етер остана посиромашен за еден канал. Телевизија Сонце, која години наназад емитуваше програма со национална концесија преку кабелските оператори, престана со работа.

Гледачите кои се обидуваат да го најдат каналот сведочат за „црн екран“ или известување дека нема сигнал.

ТВ Сонце беше препознатлива по својата специфична програмска шема, фокусирана на македонската историја, културното наследство и прашањата поврзани со македонската дијаспора. Телевизијата беше основана од бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.

Останува непозната и судбината на вработените во овој медиум.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг