Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за вторник – 10 јуни: Проблеми за еден хороскопски знак

Овен

Денес чувствувате силен подем на енергија и изострени сетила. Главниот фокус ви е насочен кон материјалната сигурност, а се што не носи финансиска добивка го тргате на страна. Практичноста ве води кон јасни цели.

Бик

Проблемите решавајте ги по редослед. Завршете ги започнатите обврски пред да започнете нови. Премногу обврски одеднаш може да предизвикаат стрес. Наскоро ве очекуваат промени кои ќе ве инспирираат и емотивно ќе ве подигнат.

Близнаци

Повлеченоста ви годи. Денот е погоден за интроспекција. Избегнувајте конфликти, особено со блиски луѓе. Дури и ако некој направил грешка, воздржете се од критики и негативни коментари.

Рак

Имате одлични шанси за успех, особено ако се потпрете на верни сојузници и пријатели. Не брзајте со одлуки – размислете внимателно и верувајте во сопствената проценка.

Лав

Денес ве привлекува возбуда, но сепак се советува да ја канализирате таа енергија мирно и со умереност. Уживајте во убавите нешта – добра храна, музика, природа и пријатна атмосфера.

Девица

Можни се неочекувани ситуации кои ќе бараат брзи реакции. Не дозволувајте стресот да ве совлада – верувајте во својата способност за анализа и смиреност. Со трпение, ќе надминете сè.

Вага

Емоциите ви се засилени и имате потреба од промена. Во љубовта ве очекуваат моменти исполнети со страст и интензитет. Склони сте кон романтика и продлабочување на врските.

Скорпија

Среќата денес е во ваши раце. Голем дел од околностите ви одат во прилог, што отвора можност за остварување на одамна посакувани цели. Информации од важни извори ќе ви помогнат да донесете мудри одлуки.

Стрелец

Посакувате нешто ново и возбудливо. Сепак, внимавајте на импулсивни трошоци и брзоплети одлуки. Умереноста денес е клучна ако сакате да избегнете загуби во иднина.

Јарец

Можно е да се соочите со работни предизвици, но тие нема да бидат сериозни. Вашата мотивација е во пад, а концентрацијата ослабена. Не се форсирајте – направете пауза ако ви треба.

Водолија

Патот до вашата цел денес не е лесен. Можни се пречки или разочарувања од постапките на други. Можеби ќе бидете ставени пред сложена дилема – останете рационални и пронајдете практично решение.

Риби

Надворешни фактори го диктираат денешното темпо. Може да почувствувате незадоволство или емоционална нестабилност. Наместо да се грижите, искористете го денот за одмор и ментално ресетирање.

Advertisement

Магазин

Таткото на Еми Вајнхаус, Мич Вајнхаус, поднел тужба против двете најблиски пријателки на починатата пејачка.

Според новите информации од магазинот People, Мич Вајнхаус тврди дека Катрилона Горлеј и Наоми Пери, која со години беше нејзина стилистка и доверлива личност – тајно продавале парчиња облека што ѝ припаѓале на Ејми, и тоа на аукции во САД.

Првата аукција се одржала во 2021 година, а втора во 2023 и двете во организација на „Julien’s Auctions“. Оделото што Ејми го носеше на сцена, фустани од турнеи, лични модни додатоци… сите овие предмети завршиле под чекан, но наводно под имињата на Пери и Горлеј.

Според тужбата, двете пријателки тврделе дека добиле дел од облеката како подарок од самата Ејми додека била жива. Но таткото Мич не се согласува – тој смета дека тие неправедно профитирале од личните работи на неговата ќерка и бара правдата да излезе на виделина.

Потсетуваме, Ејми Вајнхаус почина трагично во 2011 година, на само 27 години, а нејзиниот стил и музика сè уште се инспирација за милиони фанови.

Останува да видиме како ќе заврши овој судски процес – и дали семејството на Ејми конечно ќе стави точка на уште една контроверзија околу нејзиното наследство.

Continue Reading

Магазин

Ајде сите да гласаме за македонскиот филм „Приказната за Силјан“ кој е во трка за престижна Audience Choice награда

Документарниот филм на Тамара Котевска, „Приказната за Силјан“, се наоѓа во конкуренција за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарно кино. Филмот веќе ја обезбеди номинацијата во првиот круг на гласањето, а вториот круг започна денес, со публиката како клучен фактор за изборот на победникот.

„Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни филмови од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји. Тимот на Котевска апелира до публиката да ја поддржи Македонија и да ги даде своите гласови за овој филм, истакнувајќи дека секој глас може да има значително влијание врз неговата иднина на светската сцена.

Audience Choice Prize го избира документарниот филм кој најмногу ја освојува светската публика и често претставува предвесник за влез во потесниот избор за Оскар. Гласањето се затвора на 16 декември 2025 во 02:00 часот, а резултатите за тоа дали филмот ќе влезе во потесната листа за Оскари ќе бидат објавени истата вечер во 22:00 часот од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

За да се поддржи македонскиот претставник, гласовите можат да се дадат преку следниот линк: Cinema Eye Honors Audience Choice Voting.

Continue Reading

Магазин

Зимскиот притисок на гумите е клучен за безбедност на патот

Со доаѓањето на студените месеци, многумина возачи се фокусираат на замена на зимски гуми, но забораваат на еден од најважните аспекти – правилниот притисок во гумите. На ниски температури, воздухот во гумите се стеснува, што значително го намалува притисокот и влијае на стабилноста, сопирањето и потрошувачката на гориво.

За секои 10 степени пад на температурата, притисокот во гумите паѓа за околу 0,1 до 0,2 бари. На пример, ако есенскиот притисок бил 2,2 бари, при -5 степени истиот може да падне на 1,8–2,0 бари, што ја прави гумата помека и помалку стабилна.

Експертите советуваат во зима да се додава околу 0,2 бари над препорачаната вредност наведена од производителот на возилото. На пример, ако препораката е 2,2 бари, зимскиот притисок треба да биде околу 2,4 бари.

Пренискиот притисок води до полошо држење на патот, подолго растојание на запирање, зголемена потрошувачка на гориво и побрзо трошење на гумите, додека пренадуваните гуми ја намалуваат контактната површина и го зголемуваат ризикот од лизгање.

Стручњаците препорачуваат притисокот да се проверува најмалку еднаш месечно, а најдобро е кога гумите се ладни – три часа по возење или кратко по неколку километри. Со правилно надуени гуми, автомобилот ќе биде постабилен, побезбеден и поефикасен во зимски услови.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг