Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Студентите ќе добијат 250 евра за електронски уреди од септември, најави премиерот Мицкоски

by Уредник
10.06.2025
in Uncategorized

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата ќе обезбеди финансиска поддршка од 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди, почнувајќи од септември оваа година. Средствата се веќе предвидени во државниот буџет, а постапките за реализација се во тек.

„250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат, е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е да студентите имаат заверен семестар“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека оваа поддршка ќе биде достапна и за новозапишаните бруцоши, откако ќе го заверaт првиот семестар. Според проценките, околу 55 илјади студенти од државните и приватните универзитети ќе можат да аплицираат за оваа помош.

Мицкоски исто така најави и ученички стипендии за наредната година. Во однос на критиките од одредени политички субјекти, тој истакна дека Владата ќе ги исполни ветувањата.

„Тоа што ние го ветуваме, го испорачуваме, но се разбира во зависност од приоритетите. Многу дупки и лоши работи од минатото мора да се санираат“, изјави премиерот по отворањето на целосно реконструираното Одделение за управни работи – Скопје, во зградата на МРТВ.

Next Post

Апсење на скопскиот аеродром поради инцидент во авион

ВИДЕО од победничката атмосфера во Казахстан на македонските фудбалери

Препорачани Вести

Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија во следниот период

Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија во следниот период

4 months ago
Најмалку 25 лица загинаа во најновите израелски напади во Појасот Газа: Убиените Палестинци чекале хуманитарна помош

Најмалку 25 лица загинаа во најновите израелски напади во Појасот Газа: Убиените Палестинци чекале хуманитарна помош

7 months ago

Популарни Вести

  • Запалени шишиња фрлени кон куќа во Скопје, спречена поголема трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Жителите на Киев објавуваат фотографии од замрзнати станови и импровизирани начини за греење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД со јасна порака до Иран пред заедничката воена вежба со Русија и Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.