Магазин
Дневен хороскоп за среда – 11 јуни: Еден хороскопски знак треба да внимава на шефот!
Овен
Нема потреба да ја префрлате вината врз другите – можно е причината за моменталниот неуспех да се крие во вашите одлуки. Тешко е да се признае сопствената грешка, но токму тоа е првиот чекор кон напредок.
Во љубовта, набљудувајте внимателно – можеби занемарувате важни детали во однесувањето на партнерот. Не игнорирајте пораки или зборови што можат да ви откријат повеќе отколку што мислите.
Здравјето ви е стабилно.
Бик
Иако сте рационални во донесувањето одлуки, понекогаш инстинктот е подобар водич. Погледнете ги внимателно вашите соработници и обидете се да ја насочите приказната кон заеднички успех.
На емотивен план, бидете истрајни и искрени – сè е возможно ако постапувате од срце.
Можно е чувствителност на стомакот.
Близнаци
Настапувате смирено и мудро, што ви носи почит од околината. Оставете вашите дела да зборуваат за вас, наместо да се наметнувате.
Во односите со саканото лице, покажете искрен интерес и избегнувајте љубомора или непотребни расправии.
Внимавајте на исхраната.
Рак
Постојано барате решенија, но некои луѓе само дополнително ве оптоваруваат. Прифатете добри совети и ќе најдете излез.
Избегнувајте конфликти и покажете разбирање за потребите на партнерот – заедничките вредности се основа за стабилност.
Општата состојба ви е добра.
Лав
Бидете претпазливи во деловните односи – не дозволувајте некој друг да ги диктира условите без ваша согласност. Чувајте ги вашите интереси.
Во љубовта, чувството на блискост ве исполнува со позитивна енергија. Обрнете внимание на убавите аспекти од секојдневието.
Можно е послаба циркулација.
Девица
Деловниот договор носи обврски, но и ограничувања. Бидете доследни на вашите идеи и не дозволувајте некој друг да носи одлуки наместо вас.
Во љубовта, останете реални – некогаш вашите очекувања се повисоки од она што моментално е возможно.
Здравствено се чувствувате добро.
Вага
И покрај вложениот труд, некои луѓе не го препознаваат вашиот ангажман. Побарајте совет или посредник кој ќе помогне да се разберат вашите намери.
Не ги кријте емоциите – искреноста во љубовта носи олеснување и поврзување.
Потребен ви е одмор.
Скорпија
Не одложувајте важна средба – време е да ги забрзате активностите и да прифатите добра понуда. Некој заеднички проект може да се покаже како многу успешен.
Во љубовта, препуштете му се на партнерот – заедништвото ќе ве исполни со ентузијазам и среќа.
Можни болки во мускулите.
Стрелец
Не дозволувајте другите да ви наметнуваат свои идеи. Вие сте во позиција да предложите решение кое ќе ги задоволи сите страни.
Во приватниот живот, избегнувајте кавги – внесете повеќе ведрина и разбирање во секојдневната комуникација.
Се чувствувате стабилно.
Јарец
Ветувањата што ги добивате не значат и сигурен успех. Бидете подготвени да реагирате кога е потребно и цврсто да ги браните вашите интереси.
Во љубовта, покажете посветеност и ентузијазам – немојте да се откажувате од заедничките планови.
Здравствената состојба е стабилна.
Водолија
Вашата идеја може да наиде на поддршка – важно е да оставите впечаток на одговорна и сериозна личност.
Во емоционалниот живот, стремете се кон заемно разбирање и заеднички цели. Инспирацијата доаѓа кога сте со вистинските луѓе.
Премногу сте чувствителни – одморете се.
Риби
Прекумерната критика може да предизвика отпор. Размислете дали е потребна промена во вашиот пристап кон одредени соработници.
Избегнувајте емоционални провокации и луѓе кои не ви одговараат. Барајте искреност и разбирање во односите.
Можно е главоболка.
Магазин
САД се закани со жестоки мерки поради острата казна на ЕУ за X на Маск
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување за можни протумерки кон европските компании поради „дискриминаторни“ мерки против американските услуги.
Во објава на платформата X, Уредот за трговски претставници на САД (USTR) го обвини Европскиот сојуз и некои членки за „дискриминаторни и проблематични тужби, даноци, казни и директиви против американските услуги“. Во исто време, USTR посочи дека европските компании како Accenture, DHL, Siemens и Spotify „слободно работат“ во САД.
„Ако ЕУ и земјите членки инсистираат на продолжување со ограничувањата и дискриминирачките мерки, САД нема да имаат друг избор освен да користат сите расположливи алатки за да се спротивстават на овие неправедни мерки“, се наведува во соопштението.
Ова следува по казната од 120 милиони евра што Европската комисија ја изрече на платформата X на Елон Маск за кршење на правилата за транспарентност според Актот за дигитални услуги. По казната, X го укина акаунтот за реклами на Европската комисија, а Маск спореди ја Унијата со нацистичка Германија.
ЕУ нагласи дека казната е изречена поради обесхрабрување на корисниците, оневозможување на истражувачите да дојдат до податоци и недостаток на транспарентност во документацијата за реклами. Трамп претходно ја критикуваше казната, велејќи дека „Европа се движи во погрешен правец“.
Магазин
Влад Илиќ од Куманово: Најдобар стенд ап комичар во Велика Британија за 2025
Во „бастионот“ на светската комедија, култниот Comedy Store во Лондон, македонското знаме симболично се развеа на највисокото скалило. Во конкуренција на дури 700 комичари од целото Обединето Кралство, на 3 декември 2025 година, Македонецот Влад Илиќ ја понесе престижната титула „Најдобар стенд-ап комичар во Велика Британија за 2025“.
По првиот голем блесок на ББС пред три години, овој успех е круна на една десетгодишна фасцинантна транзиција. Патот на Илиќ започна како актер во Кумановскиот театар, каде што под влијание на домашните мајстори како Сашко Коцев и Тони Михајловски, почна да го бруси својот талент за подоцна да се лансира меѓу светските ѕвезди.
„Среќен сум што годините поминати на сцена се крунисани со ова признание. Тоа е потврда за сиот влог, но најмногу за хуморот кој е специфичен и веќе препознаен. Она што ме издвојува е нашиот менталитет – тој уникатен македонски ген кој ни овозможува на животот да гледаме малку понесериозно и пообјективно. Можеби во фудбал секогаш ќе губиме од Англичаните, ама во хуморот не ни можат ништо!“, вели расположениот Илиќ веднаш по триумфот.
Зад блескавиот пехар стојат илјадници непроспиени ноќи, аматерски настапи во зачадени клубови и неуморно пишување материјали. Влад денес е вистински полиглот на сцената, изведувајќи ги своите шоуа на четири јазици: македонски, англиски, српски и италијански.
„Ништо не е случајно во ваков натпревар,“ објаснува тој. „Ме грее љубовта кон професијата, поддршката од семејството и гордоста што ја претставувам мојата татковина. Тој пламен е посилен од студот на овој дождлив остров.“
Покрај статуетката, Илиќ доби и парична награда од 10.000 фунти. На прашањето каде ќе завршат средствата, тој во свој препознатлив стил одговори: „Ќе ги дадам во хуманитарни цели – на братучедите.“
Магазин
Конструирање и одржливост: како Samsung Galaxy S и Z сериите предничат во оваа област
Немаме резервна планета – нашата земја и вода мора да останат чисти и просперитетни за идните генерации. Одржливоста не е избор, туку обврска. Samsung ја разбира оваа одговорност и затоа ги создаде сериите Galaxy S и Galaxy Z, кои го застапуваат овој принцип. Овие врвни паметни телефони се повеќе од најсовремени уреди; тие се доказ за развој на технологија што ја почитува нашата планета. Ајде да погледнеме како Samsung ја комбинира извонредноста во конструирањето со одржливоста во своите Galaxy S и Z серии.

Galaxy Z серијата: Иновации со еколошко срце
Моделите Galaxy Z Fold7 и Flip7 се доказ за целосната посветеност на Samsung кон одржливостa без компромис во перформансите. Еве како овие уреди се конструирани за да бидат и моќни и еколошки прифатливи:
Рециклирани материјали: Fold7 и Flip7 содржат девет рециклирани материјали, меѓу кои пластика, стакло, алуминиум, кобалт, ретки природни елементи, злато, бакар, челик и литиум. Овој пристап го намалува еколошкото влијание од производството, а истовремено го задржува врвниот квалитет.
100% рециклиран кобалт и литиум: Батериите кај моделите Fold7 и Flip7 користат 100% рециклиран кобалт и литиум, што значително го намалува еколошкиот отпечаток.
Одржлива амбалажа: Амбалажата за овие уреди е изработена од 100% рециклирана хартија, со што се елиминира потребата од пластика за еднократна употреба и се поттикнува поодржливо искуство при пакување.

Slim Actuator технологија: Slim Actuator кај моделот Fold7 овозможува камера со високи перформанси во потенок форм-фактор, гарантирајќи дека иновациите не доаѓаат на сметка на дизајнот.
Ултра-високoгустинска печатена плоча: Во моделот Flip7 се вградени компоненти со висока густина, со што максимално се искористува внатрешниот простор и се намалува отпадот од материјали.
Компактен модул на камерата: Модулот на камерата кај Flip7 е унапреден за да биде помал, а притоа да ги задржи врвните перформанси, што ја потврдува способноста на Samsung да воведува иновации на одржлив начин.
Систем со двојна батерија: Системот со двојна батерија кај Flip7 нуди зголемување од 300 mAh во споредба со претходната генерација, подобрувајќи ги перформансите, а истовремено задржувајќи компактен дизајн.

Galaxy S серијата: моќ во комбинација со цел
Серијата Galaxy S25 ја продолжува традицијата на Samsung да ги спојува најсовремените технологии со одржливите практики. Еве како серијата S25 е конструирана за да биде и моќна и еколошки прифатлива за нашата планета:
Прилагоден Snapdragon® 8 Elite чипсет: Samsung, во соработка со Qualcomm, го унапреди Snapdragon® 8 Elite чипсетот, што резултира со подобрен квалитет на екранот, поголема ефикасност и подобрени перформанси на камерата – дури и во услови на слаба осветленост.
Рециклирани материјали: Серијата Galaxy S25 содржи рециклирани материјали, меѓу кои пластика, стакло, алуминиум, кобалт, ретки природни елементи, злато, бакар и челик, со што се придонесува за поодржлив животен циклус на производите.
Циркуларен синџир на снабдување со батерии: Серијата Galaxy S25 користи рециклиран кобалт од претходно користени Galaxy уреди или од батерии отфрлени за време на производството, со што се подобрува циркуларноста и се намалува електронскиот отпад.
Користење обновлива енергија: Samsung премина на 100% обновлива енергија во осум од десет фабрики за производство на мобилни уреди, вклучително и оние во кои се развиваат компонентите за серијата Galaxy S25.
Намалување на јаглеродниот отпечаток: Моделот Galaxy S25 Ultra емитува вкупно 48,9 kg CO₂ во текот на целиот свој животен век, според пресметките направени преку системот за процена на животниот циклус на производите на Samsung.
Зошто е ова важно?
Суштината на пристапот на Samsung кон конструирањето и одржливоста не лежи само во исполнување на потребите на денешницата, туку и во обликување подобро утре. Со користење рециклирани материјали, оптимизирање на потрошувачката на енергија и намалување на јаглеродниот отпечаток, Samsung гарантира дека уредите од сериите Galaxy S и Galaxy Z не се само моќни, туку и одговорни.
Без разлика дали го истражувате иновативниот дизајн на склопливите уреди од Z серијата или модерната елеганција на S серијата, едно е јасно: Samsung е лидер во создавање технологија што е подеднакво одржлива и напредна.
Во последниот текст од оваа серија ќе се осврнеме на третиот темел на гаранцијата за квалитет на сериите Galaxy S и Z.
Трендинг
-
Црна Хроника4 days agoХорор на патот Охрид–Струга: Возач двапати тргнал кон полицајци и успеал да избега
-
Црна Хроника4 days agoДрама на автопатот Тетово – Гостивар: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги истепале
-
Црна Хроника4 days agoКривични пријави против полицајци од Штип – МВР со детали
-
Македонија5 days agoМВР со конечна одлука еве кога почнува „Безбеден град“
-
Република1 day agoУтре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија
-
Црна Хроника15 hours agoКривична пријава за командир и полицајци – МВР со детали
-
Црна Хроника5 days agoФизички нападната девојка на работно место во Брвеница
-
Црна Хроника6 days agoПретрес во тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица















