Connect with us

Македонија

Изборот на шестмина судии за Апелација под закана – Управниот суд може да ја врати постапката на почеток

Шест судии кои неодамна беа унапредени од Граѓанскиот во Апелацискиот суд од страна на Судскиот совет, можеби нема да седнат во повисоките судски фотелји. Причината е тужба поднесена од судијата Андреј Димовски до Управниот суд, со која бара поништување на решението за негово оценување.

Судијата Димовски тврди дека не бил праведно оценет, односно дека не му биле доделени поени за сите критериуми кои ги исполнувал. Повикувајќи се на пракси од Европскиот суд за човекови права, тој смета дека начинот на кој бил применет законот претставува прекршување на член 6 од Европската конвенција за човекови права.

„Начинот на непремена на прописите беше неисправен до тој степен што државата ги прекршила своите позитивни обврски“, рече судијата Димовски за „Алфа“.

Неговиот адвокат, Билјана Јандриоска, изјави дека и покрај претходната пресуда од Управниот и Врховниот суд во полза на Димовски, Судскиот совет не ги почитувал ниту забелешките, ниту процедурите, и продолжил со унапредувањето на шестмина други кандидати.

„Претходната пресуда содржеше низа забелешки кои воопшто не се отстранети. Тоа ќе се потврди преку доказната постапка“, истакна Јандриоска.

Од Судскиот совет, пак, со контрааргументи. Велат дека решението за оценување од декември 2023 година било донесено врз основа на важечкиот закон од 2019, и дека Врховниот суд не го укинал решението за оценувањето на судијата, туку поради приговор.

„Тужителот веќе водел правна постапка за истата правна работа пред Врховниот суд“, изјави претставник на Советот.

Ако Управниот суд ја уважи тужбата, Советот ќе мора да направи ново оценување и бодување на Димовски. Тоа би можело да ја поништи целата постапка за унапредување и да ги доведе во прашање местата на шестмината судии кои веќе беа избрани за Апелација – Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Сиљаноска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани.

Целиот процес е веќе под лупа на јавноста и стручната фела, особено поради фактот што изборот се случи дури три години по распишувањето на огласот.

Advertisement

Македонија

Стабилно време со магла до понеделник, дожд од вторник

До понеделник се очекува стабилно и претежно тивко време низ земјава, со појава на магла во утринските часови и зголемена облачност на некои места.

Утре, 18 декември, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека претпладне на одредени места ќе се појави магла. Ветарот ќе биде слаб и променлив.

Во Скопје се очекува слично време, со претежно тивко време и појава на магла во котлинските делови претпладне.

Стабилното време ќе се задржи до понеделник, а од вторник се најавуваат локални врнежи од дожд.

Continue Reading

Македонија

Над 40 државни институции преминаа на електронско управување со документи

Повеќе од 40 институции во државата веќе го користат националниот Документ менаџмент систем (ДМС), што овозможува побрзи и поефикасни услуги за граѓаните, соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во изјава за медиумите.

Според него, поврзувањето на институциите и општините преку единствен дигитален систем претставува суштинска реформа во функционирањето на државната администрација, со фокус на поедноставени и подостапни јавни услуги.

Андоновски информираше дека за само четири месеци е двојно зголемен бројот на институции кои користат електронска архива и електронски систем за управување со документи. Дополнително, преку државната платформа за интероперабилност, само во ноември биле реализирани 2,6 милиони трансакции, што претставува значителен раст во однос на просекот во текот на 2024 година.

Министерот посочи и дека за 20 проценти е зголемен бројот на институции и компании приклучени на платформата за интероперабилност, што директно придонесува за намалување на административните процедури и потребата граѓаните да доставуваат документи од една до друга институција.

„Овие резултати значат помалку хартија, помалку чекање и помалку простор за корупција. Дигиталната трансформација не ја третираме како ИТ-проект, туку како реформа во корист на граѓаните, со јасни и фер процедури“, истакна Андоновски.

Тој додаде дека целта е институциите да функционираат брзо, разбирливо и еднакво за сите, а Министерството за дигитална трансформација останува посветено принципот „граѓаните на прво место“ да стане стандард во работењето на државата преку конкретни и мерливи резултати.

Continue Reading

Македонија

Собранието ги усвои клучните закони за проектот „Безбеден град“

Собранието во рамки на попладневниот дел на 76. седница без расправа ги донесе измените и дополнувањата на повеќе закони кои се дел од пакетот потребен за целосно функционирање на системот „Безбеден град“. Со 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, пратениците усвоија измени на Законот за извршување на санкциите, Законот за полиција, Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека законот е дел од шесте законски измени кои обезбедуваат имплементација на еден од најзначајните проекти во историјата на Македонија, кој започна пред неколку недели и практично ќе стартува од 1 февруари.

Законот за прекршоци, исто така дел од пакетот, воведува посебна постапка за прекршоци констатирани со технички средства и уреди за снимање, вклучително електронска достава преку текстуални пораки или е-пошта, 50% намалување на глобата при доброволно плаќање во рок од осум дена, како и автоматско суспендирање на возачката дозвола по акумулирање на три забрани во четири години. Пратеничката Моника Трајанова од ВМРО-ДПМНЕ објасни дека измените ќе го зголемат ефектот на превенцијата, ќе намалат административни трошоци и ќе ја зголемат ефикасноста на постапките.

Стојановски додаде дека законите овозможуваат одземање на возило на несовесни возачи, како и подобрување на процесот на издавање возачки дозволи, со зголемена транспарентност и контрола врз членовите на комисијата која ги доделува дозволите.

Во рамки на истата седница, пратениците го усвоија и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, исто така по скратена постапка, со што се овозможува поефикасно реализирање на инфраструктурни и други јавни проекти.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг