Владата удира по онлајн-казината: Блокирани 226 нелегални страници, најавена системска борба против зависноста од коцкање
Со јасна порака дека отвора пат за здрава и безбедна младина, Владата денеска најави нова серија мерки против нелегалните онлајн-казина. Како дел од приоритетите на владејачката коалиција ВЛЕН, дополнително ќе бидат блокирани 173 веб-страници што нуделе игри на среќа без лиценца, со што вкупниот број на блокирани платформи се искачува на 226.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, истакна дека оваа иницијатива е конкретен чекор кон исполнување на предизборното ветување и дел од широка стратегија за ограничување на зависноста од коцкање.
„Оваа Влада не е сојузник на индустријата на коцка. Таа е заштитник на семејствата и младите. Блокирањето на онлајн-казината е само почеток – ќе продолжиме со системска борба против деструктивните навики кои ја разоруваат нашата социјална ткивa“, изјави Меџити.
Иницијативата е дел од заложбата за одговорни политики, кои ставаат акцент на заштитата на младите генерации и создавање здраво општество. ВЛЕН најавува нови рестриктивни мерки против игри на среќа и јасна визија: повеќе образование и спорт, помалку коцка и ризици.









![Саботирале делови од електричната инсталација: Загрижувачки случаи на вандализам во модуларната болница во Штип [ФОТО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/496510455_10161671992933720_8032107300759074868_n.jpg)
